1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Клеман Бон
Францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон Фотографија: Ludovic Marin/AFP/Getty Images

Клеман Бон: Рамката ги засега преокупациите на Бугарија

БГ /МИА
21 јуни 2022

Франција ги зема предвид интересите и на Северна Македонија и на Бугарија со предлогот за Преговарачката рамка, изјави францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон

https://www.dw.com/mk/%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-62210698

Дел од бугарските барања во однос на Северна Македонија кои немаат билатерален карактер се внесени во Преговарачката рамка, но на „внимателен и ограничен начин“, изјави францускиот државен секретар Бон по состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург.

Одбивајќи да даде детали за, како што рече, да не ги загрози преговорите, Бон тврдеше дека внесеното во рамката е направено „во контакт со Скопје“ и дека не е насочено против интересите на Северна Македонија.  

„Внимателно и со баланс, но отфрлам дека ова би било против интересите на Северна Македонија, напротив, во контакт и со Скопје, преку информациите од билатералните дискусии меѓу Скопје и Софија, но и преку директни контакти што ги имавме, што Европската Комисија ги имаше со двете страни, велам дека има некои теми кои немаат директно билатерален карактер, но ги засегаат преокупациите на Бугарија во нејзиниот однос со Северна Македонија, во преговарачката рамка, на внимателен и ограничен начин“, рече Бон. 

Скопје го чека предлогот 

Македонските власти и натаму тврдат дека до нив не стасал францускиот предлог, додека бугарската собраниска Комисија за надворешна политика се подготвува да го разгледа в среда. Доколку двете држави го прифатат предлогот, в четврток, согласно францускиот предлог, може да се одржи „политичка меѓувладина конференција“ во Брисел на која земјата, сепак, нема формално да ги почне преговорите за членство со ЕУ. Услов за почеток на преговорите е промена на Уставот на земјата и вметнување на Бугарите во него. 

Бон неколку пати повтори дека преговарачката рамка не е место каде што се третираат билатерални прашања, но рече дека некои барања кои имаат поширок карактер биле наведени во неа. Бон спомена и дека „за првпат по подолго време“ за овие прашања имало согласност и од бугарската влада и уверуваше дека со предлогот двете страни ќе го задоволат својот интерес.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Балкански земји, како Србија и Северна Македонија - преку Бугарија ќе можат да добиваат азербејџански гас кој е поевтин од рускиот

Македонски приклучок до „новата епоха“

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница