1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Ukraine Massengrab in Bucha
Фотографија: Rodrigo Abd/AP Photo/picture alliance
Конфликти

Фотографија на денот: Ужасот од Буча

ЕМФ | агенции
4 април 2022

Новинарка снима видео од масовна гробница во Буча, Украина.

https://p.dw.com/p/49PfM

По објавувањето на информациите за стотици цивилни жртви во киевското предградие Буча, украинското обвинителство најави истраги. „Ова е пекол кој мора да се документира за да бидат казнети нелуѓето кои го сториле тоа“, напиша украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова на Фејсбук.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја покани поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да ја посети Буча, за да се увери, како што рече, во својата пропадната политика кон Русија од изминатите години. Ваква покана во својата видео порака Зеленски упати и кон францускиот претседател Емануел Макрон.

Сликите од Буча, на кои се гледаат голем број тела на улиците по повлекувањето на руските трупи, предизвикаа ужасеност во светот. Украина ги обвинува руските сили за масакр. Официјална Москва тоа го негира.

Вицепретседателката на Европскиот парламент, Никола Бер, побара формирање „Специјален трибунал за воени злосторства, слично како во случајот со војните во Југославија“: „За нас, монструозноста на овие дела е несфатлива. Тоа се најтешки злосторства против човештвото, тоа се воени злосторства“, изјави Бер.

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави натамошни санкции против Русија. „Во кругот на сојузниците ќе договориме нови санкции во наредните денови“, изјави Шолц вчеравечер (3.04), укажувајќи на Буча. „Путин и неговите поддржувачи ќе ги почувствуваат последиците“, потенцираше германскиот канцелар, додавајќи: „Убивањето цивили е воено злосторство. Овие злосторства на руските сили мора целосно да ги разјасниме.“

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Денеска (31.01) во Владата ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари

Мнозинство под ризик - едни да влезат, други да излезат

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница