Фотографија на денот: Со Брегзит не оди добро, зарем не? | Свет | DW | 30.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Со Брегзит не оди добро, зарем не?

„Со Брегзит не оди добро, зарем не?“ - стои на беџовите кои оваа анти-Брегзит демонстрантка ги носи протестирајќи пред британскиот парламент, додека пратениците внатре се обидуваа да најдат излез од ќорсокакот.

Два месеца пред излегувањето на Велика Британија од ЕУ се зголеми ризикот од неуреден развод, односно тврд Брегзит.

Британскиот парламент вчеравечер гласаше за нови преговори со ЕУ околу прашањето на Северна Ирска. Клаузулата за гаранција за отворена граница помеѓу Северна Ирска и Република Ирска би требало да се исфрли од договорот за Брегзит, оценија пратениците во Лондон.

Но, од Брисел веднаш стигна негативен одговор. ЕУ отфрла каква било промена на Брегзит-договорот, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск. Она што Брисел смета дека би било евентуално можно е одложување на датумот за излегување на Велика Британија од ЕУ, предвидено за 29 март годинава.

Реклама