1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Русите прифатија уставни промени

2 јули 2020

На референдумот засенет со обвинувања за манипулации, граѓаните на Русија го прифатија новиот Устав.

https://p.dw.com/p/3efM4
Russland Teilnehmer einer Kundgebung in Moskau am 1. Juli 2020
Фотографија: DW

Според податоци на Централната изборна комисија, по пребројувањето на 85% од гласачките ливчиња, 78% од избирачите гласале „за“ нов Устав, кој на 67-годишниот шеф на Кремљ, Владимир Путин, би му овозможил останување на власт до 2036 година. Првите резултати од гласањето беа објавени уште додека гласањето не беше завршено насекаде. Одзивот на гласачите беше околу 65%. Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, резултатите ги нарече „огромна лага“. Можноста Путин да владее уште 16 години не им се допаѓа и на многу други граѓани. Оваа жена, која вчера во Москва учествуваше на протестите против уставни промени, носи плакат на кој стои: „Долу царот!“