Фотографија на денот: Капитол пред инаугурацијата | Свет | DW | 20.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Капитол пред инаугурацијата

Финални подготовки пред 59-та претседателска инаугурација во САД.

Две недели по упадот и безредијата во Капитол, голема е загриженоста од ново насилство. Тоа и пандемијата на корона се причина оваа инаугурација да тече сосема поинаку од вообичаено. Таа ќе се одвива под драконски мерки за безбедност и нема да има големи групи гледачи. Освен тоа, на церемонијата нема да присуствува ниту претседателот на заминување Доналд Трамп. Тој неколку часови пред почетокот на церемонијата со претседателскиот авион заминува на својот имот во Флорида.

  

Гледај видео 02:08

Над 20.000 гардисти ќе ја обезбедуваат инаугурацијата на Бајден

Реклама