Фотографија на денот: Европски избори со гласачко ливче од еден метар | Свет | DW | 26.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Европски избори со гласачко ливче од еден метар

Европските избори во Германија почнаа, а право на глас имаат над 65 милиони избирачи. Гласачкото ливче е долго речиси еден метар.

Германските избирачи денеска ќе донесат одлука кој ќе ги претставува во Европскиот парламент. Германија има 96 места во ЕП.

Гласачкото ливче е долго речиси еден метар. На него стојат 41 партија и политички здруженија. Тие се наредени според резултатите што ги постигнале на претходните европски избори, а потоа доаѓаат партии и здруженија кои тогаш не учествувале на изборите. Притоа, шанси за влез во ЕП имаат сите, дури и најмалите партии, затоа што во Германија за овие избори нема цензус. Така е и во 12 други земји на ЕУ. Во 15 земји на Унијата постои цензус, кој е најнизок во Кипар - 1,8%, а највисок во Франција, Полска, Чешка и Унгарија - 5%.

Реклама