1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индекс на среќа: Финска води, Македонија на 82 место

19 март 2026

Финска деветта година по ред е најсреќна земја, а Македонија е 82-ра според индексот на среќа 2026. Извештајот покажува пад на благосостојбата кај младите - социјалните мрежи ги прават луѓето несреќни

https://p.dw.com/p/5AgHp
Весели дека коишто трчаат боси
Финска повторно најсреќна земја: Македонија меѓу најнесреќните во регионотФотографија: picture-alliance/blickwinkel/McPHOTOs

Финска деветта година по ред се наоѓа на врвот на најновата ранг-листа за најсреќни земји во светот. На дното од листата повторно е Авганистан. Македонија се наоѓа на 82 место од вкупно 147 земји. 

Косово, Словенија и Србија во топ 30

Од земјите во регионот, најдобро пласирано е Косово, кое се наоѓа на 16 место, следено од Словенија на 18-та позиција и Србија на 30-тото место. Босна и Херцеговина е 47-ма, Црна Гора 60-та, а зад Македонија се Бугарија (84), Грција (85) и Албанија (86).

Во светски рамки - Костарика бележи најголем напредок, искачувајќи се на 4 место благодарение на силните социјални и семејни врски. Германија е на 17.место, САД на 23-то, Кина е 65-та, а Иран е на 97.место. 

Меѓуароден ден на среќата во Финска, 29 мај 2022
Финците по деветти пат на врвот на листата на најсреќни луѓеФотографија: Jussi Nukari/Lehtikuva/AFP via Getty Images

Рангирање на најсреќните земји во 2026

Топ 10:

  1. Финска
  2. Исланд
  3. Данска
  4. Костарика
  5. Шведска
  6. Норвешка
  7. Холандија
  8. Израел
  9. Луксембург
  10. Швајцарија

Најнесреќни земји:

147. Авганистан
146. Сиера Леоне
145. Малави
144. Зимбабве
143. Боцвана

Како се мери среќата?

Извештајот се објавува секоја година околу Меѓународниот ден на среќата на ОН и рангира над 140 земји според тоа како граѓаните го оценуваат својот живот. Податоците се базирани главно на светската анкета на Галуп, а во анализата влегуваат фактори како:социјална поддршка, очекуван здрав животен век, слобода на избор, дарежливост и перцепција на корупција

Извештајот го изработуваат Истражувачкиот центар за благосостојба при Универзитетот Оксфорд, Галуп и Обединетите нации.

Студијата се темели на анкети спроведени кај околу 100.000 луѓе од 140 земји. Според податоците, задоволството од животот кај младите под 25 години во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд значително опаднало во изминатата деценија. 

Извештајот истакнува дека прекумерната употреба на социјалните мрежи е поврзана со намалена благосостојба, особено кај тинејџерките во англиското говорно подрачје и Западна Европа.