1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Symbolfoto NATO-Erweiterung
Фотографија: Dwi Anoraganingrum/Geisler-Fotopress/picture alliance
Конфликти

Клучна средба во Берлин за можното проширување на НАТО

СН/агенции
14 мај 2022

Во фокусот на министерскиот состанокот на НАТО ќе бидат руската инвазија врз Украина и можниот брз прием на Финска и на Шведска во Алијансата. Притоа неизвесно е како Турција ќе се позиционира на средбата.

https://p.dw.com/p/4BIM7

Шведска и Финска ќе присуствуваат на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој треба да започне во Берлин подоцна во текот на денот. 

Иако не се членки на Северноатланската воена алијанса, Финска и Шведскасе повикани на состанокот, бидејќи се очекува двете земји наскоро да поднесат барање за членство во НАТО како реакција на рускиот напад врз Украина.

Со влегување во НАТО, Шведска и Финска би го загубиле повеќедеценискиот воено неутрален статус. Домаќин на неформалниот министерски состанок на НАТО во Берлин ќе биде шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок. 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг
Генералниот секретар на НАТО, Јенс СтолтенбергФотографија: John Thys/AFP/Getty Images

(Не)единство во Алијансата

На состанокот во Берлин ќе присуствува и Турција, која во петокот беше единствена членка на НАТО која се спротистави на приемот на двете земји во Алијанстата. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговата земја, која е членка на НАТО, „не е наклонета“ за приемот на Шведска и на Финска во Северноатланската алијанса. Ердоган како причина за таквиот став ја наведе наводната поддршка на Шведска и другите скандинавски земји за курдските борци и за други групи, кои Анкара ги смета за терористи.

„Скандинавските земји се однесуваат како пансион за терористичките организации“, рече тој во петокот, зборувајќи за курдските и левичарските милитантни групи. Тој исто така, ја обвини Грција, која е членка на НАТО, оти ја користи Алијансата против Турција, велејќи дека Анкара не сака да се повтори таа „грешка“.

Како членка на НАТО, Турција би можела да стави вето на одлуката за приемот на двете земји. „Внимателно го следиме развојот на случувањата во врска со Шведска и со Финска, но немаме позитивно мислење“, рече Ердоган.

„Овде е мојот дом“ - жителите се враќаат во уништената Буча

„Русија нема непријателски намери кон Финска и Шведска“

Инаку Русија во повеќе наврати порача оти влегувањето на која било од овие две земји во НАТО би го доживеала како закана.  Во денешната реакција заменикот министер за надворешни работи, Александар Грушко истакна дека Москва ќе предложи соодветни мерки на претпазливот доколку НАТО распореди нуклеарни сили и инфраструктура по должина на руската граница. „Русија нема непријателски намери кон Финска и кон Шведска и не гледа реални причини овие две земји да се приклучат кон НАТО пактот“, наведе тој. Влегувањето на Финска и на Шведска во НАТО е стратешка промена, нагласи тој. „Оваа промена не може да остане без политички реакции, како ни без темелни анализи за последиците на новата конфигурација на сили која може да се создаде како резултат на уште едно проширување на Алијансата“, потенцираше Грушко. 

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Фатмир Бесими, министер за финансии

Бесими: Борбата со сивата економија ќе биде бескомпромисна

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница