1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Symbolfoto NATO-Erweiterung
Фотографија: Dwi Anoraganingrum/Geisler-Fotopress/picture alliance

Уште еден чекор на Финска и Шведска кон НАТО

ЕМФ | агенции
16 мај 2022

Русија со својата воена политика ги турка Финска и Шведска во рацете на НАТО. Двете земји во текот на викендот најавија дека сакаат да ѝ се приклучат на алијансата.

https://www.dw.com/mk/%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%87%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B8-%D1%88%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE/a-61809349

Владејачките социјалдемократи во Шведска вчера (15.05) се изјаснија за приклучување на земјата кон НАТО. Со тоа се отвора патот за доставување барање за приклучување, со кое земјата би се збогувала од својата децениска неутралност.

Се очекува малцинската влада на премиерката Магдалена Андерсон да достави барање за приклучување во алијансата најбрзо што е можно. Андерсон вчеравечер изјави: „Утре ќе утврдам дека има широка поддршка во парламентот за барање на Шведска (за прием во НАТО, н.з.), по што ќе бидеме во состојба да донесеме владина одлука.“

Мнозинството во шведскиот парламент дава поддршка на ваквите намери. Големи делови од опозицијата веќе изразија согласнсот за барање за приклучување на земјата во НАТО.

Schweden Premierministerin Magdalena Andersson
Шведската премиерка Андерсон најавува доставување барање за приклучување во НАТО најбрзо што е можноФотографија: Michele Tantussi/REUTERS

Претходно Финска ја објави својата намера да се приклучи на алијансата. Претседателот Саули Ниинисто зборуваше за „историски ден“ за скандинавската земја. „Почнува нова ера“, рече претседателот.

На одлуката ѝ претходеше интензивна јавна дебата и сеопфатни политички консултации. И Ниинисто и премиерката Сана Марин водеа кампања за приклучување кон воената алијанса. Социјалдемократската владејачка партија на Марин, СДП, вчера се изјасни за ваков чекор. Со тоа е обезбедено мнозинство во финскиот парламент за влез во НАТО. Според последните анкети, и мнозинството од населението го поддржува ваквиот чекор.

Helsinki | Pressekonferenz zum Beitritt Nato Mitgliedschaft Finnland | Sauli Niinistö
Финскиот претседател Саули Ниинисто зборува за „историски ден“ Фотографија: Heikki Saukkomaa/Lehtikuva/dpa/picture alliance

Двете земји со децении ја одржуваа неутралноста кога станува збор за воени прашања. Руската инвазија го промени расположението на граѓаните, кои сега сакаат приклучување кон НАТО. Финска и Русија ги дели граница во должина од 1300 километри. Владата во Москва ги предупреди двете скандинавски земји дека ќе се соочат со „сериозни последици“ доколку се приклучат кон НАТО и се закани со стационирање атомско оружје во руската ексклава Калининград.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Влада Северна Македонија

Пламенот на „Огнената група“ опасен и за владиниот кабинет

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница