1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Kriegsgegnerin unterbricht Nachrichten in Russlands Staats-TV - Marina Ovsyannikova
Фотографија: Twitter /dpa/picture alliance

„Тука ве лажат!“- која е Марина Овсјаникова?

БГ /дпа
15 март 2022

„Се срамам што ја ширев пропагандата на Кремљ“, рече Марина Овсјаникова во видео пораката снимена пред нејзиниот протест на рускиот државен Прв канал. Која е таа и што ја чека?

https://p.dw.com/p/48W7y

„Татко ми е Украинец, мајка ми Русинка. Тие никогаш не биле непријатели“, вели Марина Овсјаникова во видео порака. Објавата на руската новинарка во која жали што работела за „пропагандата на Кремљ“ е снимена непосредно пред нејзината протестна акција во етерот на рускиот државен „Прв канал“.   Овсијаникова стана светска сензација откако се појави во студиото за време на главната информативна програма со антивоен постер на кој пишуваше: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Тука ве лажат. Русите се против војната."

Russland Anti-Kriegs Protest in den Nachrichten auf Channel One
Антивоената порака на Овсјаникова за време на вестите на првиот канал на руската државна телевизијаФотографија: AFP/Getty Images

Што ја очекува Овсјаникова по протестот?

Според руската агенција ТАСС, Овсјаникова била приведена веднаш откако застанала пред камерата за време на временската прогноза. Таа најверојатно ќе одговара за „јавни дејствија насочени кон дискредитација на акциите на руските вооружени сили со цел да се заштитат интересите на Руската Федерација и нејзините граѓани“, се вели во соопштението на новинската агенција. Според неодамна усвоената легислатива во Русија, ширењето на „лажни вести“ за руската армија може да се казни со до 15 години затвор. Но Овсјаникова може да биде обвинета и за поттикнување на „граѓанска непослушност“ со тоа што ги повикала Русите да протестираат против војната.
Тоа може да се насети од изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков кој го оцени нејзиниот настап како „хулиганизам“. Додека во телевизијата се води интерна истрага за инцидентот, профилот на Овсјаникова на Фејсбук собра поддршка од над 100.000 луѓе.

Нејзиниот адвокат Даниил Берман вели дека уште не му бил дозволен контакт со Овсјаникова, која е мајка на две малолетни деца. Тој очекува тешка казна за неговата клиентка.
„Многу е веројатно дека властите ќе сакаат да направат пример од неа, за да ги замолкнат останатите незадоволни“, вели Берман. 

Поддршка од целиот свет 

Марина Овсјаникова е првата уредничка во руските државни медиуми која гласно се изјасни против војната во Украина. Од почетокот на офанзивата, која Кремљ официјално ја нарекува „специјална операција“, речиси 15.000 луѓе во Русија се приведени поради учество во антивоени протести. Десетици руски медиуми се блокирани, а пристапот до платформите како Фејсбук и Инстаграм е суспендиран.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на Русите „кои не се плашат да протестираат“ и „особено на жената што влезе во студиото на Првиот канал со постер против војната“. 
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за судбината на новинарката, а неговите дипломати ќе и понудат заштита и азил. 
Портпарол на Европската комисија оцени дека Овсјаникова заземала „храбар морален став... за да се спротивстави на лагите и пропагандата на Кремљ на државната телевизија“.
 

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Франк-Валтер Штајнмајер Северна Македонија

Штајнмајер: Не се враќајте назад од последните метри

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница