1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Wimbledon Championships 2022 | FInale | Novak Djokovic hat gewonnen
Фотографија: Matthew Childs/REUTERS

Тревата е сѐ уште вкусна: Ѓоковиќ - крал на Вимблдон

Обработка: Немања Рујевиќ
11 јули 2022

„Речиси во секој удар се гледа сериозноста на неговиот труд. Тука нема место за пад на концентрацијата. Тоа е темел за енормни спортски успеси“, пишуваат германските медиуми за триумфот на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон.

https://p.dw.com/p/4DxXS

„Ѓоковиќ повторно е крал на Вимблдон“, пишува германскиот таблоид Билд за победата на Новак Ѓоковиќ против Ник Кирјос. Ѓоковиќ со 3:1 во сетови ја освои седмата титула нанајпознатиот турнир во светот, израмнувајќи се со Пит Сампрас по бројот на победи на Вимблдон.

Репортерот на Зиддојче Цајтунг пишува дека по победата српскиот тенисер на овој стадион практикувал воспоставен ритуал: „Се наведна и јадеше трева. Палецот нагоре сигнализираше дека сѐ уште е вкусна, дури и по четири триумфи на Вимблдон во низа“.

Во текстот се наведува дека Кирјос бил подобар само во првиот сет кој го освоил. „Познато е дека Ѓоковиќ е човек на кој му треба време да дојде во состојба во која речиси механички сее топки“, додава угледниот весник.

Репортерот на Франкфуртер алгемајне цајтунг својот текст го посвети повеќе на Кирјос, како човек кој можеби може да биде одличен тенисер - доколку не би бил луда глава.

„Новак Ѓоковиќ победи во финалето на Вимблдон. Неговиот противник, Ник Кирјос, се занимаваше со неважни работи. Финалето стана бизарна претстава“, пишува овој весник. 

Наведувајќи дека Австралиецот играл солидно, во текстот се додава: „Во спортот, сепак, многу работи се решаваат во главата, а особено во тенисот, кога играчот треба да се бори против себе и сомнежите, кога треба целосно сам да се избори против бесот поради потрошени топки и пропуштени шанси“.

Во четвртиот сет, се наведува во текстот, се чинеше дека Кирјос исплива, дека повторно игра добро, „но шампионите како Ѓоковиќ ретко пуштаат некого од своите клешти, откако ќе намирисаат победа“.

ДВ на германски јазик пренесува дека Ѓоковиќ ја покажал својата „стабилна, немилосрдна игра против која веќе потфрлија многу противници во долгата кариера на Србинот“. „Речиси во секој удар се гледа сериозноста на неговиот труд. Тука нема место за пад на концентрацијата. Тоа е темел за енормни спортски успеси“.

Се наведува дека, сепак, сѐ уште не се знае дали Ѓоковиќ ќе може да продолжи вака. Пред сѐ  затоа што, според сѐ, невакциниран нема да смее да учествува на УС Опен, а не е јасно ниту дали ќе може да оди во Австралија наредната година.

„Но, веројатно ќе најде решение и за таа тешка ситуација, како што веќе безброј пати го има најдено на тенискиот терен“, се додава во текстот.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на бугарскиот парламент

РСМ - тема и на последната седница на бугарското собрание

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница