Трамп ја претвора надворешната политика во „one man show“ | Свет | DW | 27.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп ја претвора надворешната политика во „one man show“

Доналд Трамп предизвика мешаница во политички Вашингтон и надвор од него. Со Мексико зачна сериозна криза, британската премиерка Меј му кажа јасно што сѐ не е можно. Како што изгледа, очајно му е неопходен шеф-дипломат.

Ѕид кон Мексико, љубовни поздрави кон Москва, закани кон Иран и провокации кон Кина - надворешната политика на САД на почетокот на ерата на Доналд Трамп делува мрачно, некоординирано и е „one man show". Новиот претседател ги предизвика првите меѓународни кризи пред воопшто да етаблира функционално министерство за надворешни работи. Тој ги „збриша“ најважните политички соработници од ерата на Обама.

Новиот раководител на ресорот, Рекс Тилерсон, би требало да добие потврда од страна на Сенатот дури в понеделник, и тоа ако сѐ оди добро. Вакуум, во кој се случуваат чудни работи. Демократската пратеничка во Конгресот, Тулси Габард, на пример, го користи времето за да раскажува за своето своеволно патување во Сирија, во текот на кое имала средба со Башар ал-Асад.

Во меѓувреме, Доналд Трамп го пречекува првиот странски државник. Средбата со строго конзервативната премиерка на Велика Британија, Тереза Меј, би требало да биде еден вид „игра на домашен терен“. Но, Британката уште пред средбата стави јасно до знаење дека нема да дозволи да биде замолчена.

Русија, НАТО, слободна трговија, Иран, Обединети Нации и решавање на меѓународни кризи - речиси и нема прашање по кое Меј нема поинакво мислење од она што Трамп го зборуваше во текот на изминатите недели. На една страна „Америка прво“ на американскиот претседател, а на друга страна „Глобална Британија“ на британските конзервативци, кои сѐ уште со драго срце се сеќаваат на времињата на империјата. „САД, како и Велика Британија, имаат одговорност да му понудат на светот лидерство“, изјави Меј. „Деновите кога Велика Британија и Америка интервенираа во суверени држави во обид да го формираат светот според своите претстави, се минато“, нагласи таа.

Die britische Premierministerin Theresa May spricht am 26.01.2017 in Philadelphia (
Picture-Alliance/dpa/S. Rousseau
)

Тереза Меј во Вашингтон само една недела по инаугурацијата на Трамп

Добредојдовте во сегашноста, „мистер Президент“. Оние кои го сакаат Трамп сега треба да му посакаат компетентен министер за надворешни работи. Тоа би требало да му го посакаат и оние кои не го симпатизираат. Тереза Меј во Вашингтон доаѓа една недела по инаугурацијата на Трамп. Тоа би требало да сугерира брзина, да е доказ за способност за делување. Политичкиот магазин „Хил“ оцени дека новиот претседател во првите денови работи со „вртоглаво темпо“. Трамп скова дури 12 извршни наредби. Дел од нив се рутина за новите претседатели, но дел се невообичаени. Декретот за изградба на ѕид на границата со Мексико, на пример, припаѓа кон овие вториве. Трамп сѐ уште е во изборна борба, сака да ги реализира ветувањата кон избирачите.

Но, посетата на Меј ја покажува и другата страна: хаосот, шоуто, некоординираноста во новата влада на Трамп. Тој би морало да разговара за слободна трговија со гостинката од Велика Британија, но за жал нема министер за трговија, се пожали Трамп јавно и ги обвини опозиционите демократи во Сенатот што не дале доволно брзо зелено светло за неговиот предлог - Рос Вилбур. Но не беа демократите тие кои ја поканија Меј во Вашингтон на седмиот ден по инаугурацијата.

Трамп создава бура во Вашингтон, но засега ништо повеќе од тоа. Претседателските декрети, при детална анализа, се само документи кои бараат преиспитување. Вистинската политика, препирките со парламентот, давањето и земањето - сето тоа допрва доаѓа. „Тој може да потпише колку сака декрети. Закон си е закон“, вели, на пример, со сите води измиениот сенатски јунак Џон Мекејн, инаку „партиски пријател“ на Трамп.

DW.COM

Реклама