Трамп и Ким ќе се сретнат во Ханој | Свет | DW | 09.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп и Ким ќе се сретнат во Ханој

Вториот самит помеѓу американскиот претседател Трамп и севернокорејскиот лидер Ким ќе се одржи во виентамскиот главен град Ханој. Плановите укажуваат дека помеѓу оваа и претходната средба има една клучна разлика.

Дали на крајот резултатот ќе биде клучен, сѐ уште не може да се каже, но Доналд Трамп и Ким Јонг Ун барем постигнаа согласност за местото на својата следна средба. Самитот на американскиот претседател и на севернокорејскиот властодржец ќе се одржи во виетнамскиот главен град Ханој. Веста на Твитер ја соопшти Трамп.

Дека средбата ќе се одржи во Виентам, на 27 и 28 февруари, беше објавено претходно, но точното место на самитот досега не се знаеше. До последно предвид доаѓаше и крајбрежната метропола Да Нанг.

Трамп е првиот американски престедател кој се сретнал со лидер на комунистичката држава. Првата средба со Ким се одржа во јуни. Критичарите оценуваат дека самитот во Сингапур останал без конкретни резултати. Ким на таа средба нагласи дека е подготвен на „целосна денуклеаризација“, но немаше конкретни ветувања и рокови до кога Северна Кореја треба да се откаже од нуклеарниот арсенал и како би можеле да изгледаат возвратните постапки од американска страна.

Повеќе: 

Трамп сака втор самит со Ким на крајот од месецов

Северна Кореја продолжува со ракетната програма

Неделава американскиот специјален пратеник за Северна Кореја, Стивен Биген, имаше средба со севернокорејскиот преговарач Ким Хиок Чол за да ја подготви средбата на двајцата лидери. Трамп потоа на Твитер напиша дека разговорите била „многу плодни“. Освен тоа, тој оцени дека Северна Кореја има одлични економски изгледи и го пофали својот партнер од Пјонгјанг. „Под раквоодство на Ким Јонг Ун, Северна Кореја ќе стане извонреден економски центар. Тоа можеби за некои е изненадување, но јас нема да се изненадам, затоа што го запознав и сосема сфатив колку е способен“, напиша Трамп за човекот кого порано, не без потсмев, го нарекуваше „Rocket Man“.

Singapur Gipfel Kim Jong Un Donald Trump (Reuters/A. Wallace)

Двојка која се разбира?

За разлика од првиот самит, кој траеше само пет часа, Ким и Трамп во Виентам сега ќе се состанат два дена и имаат многу време за разговори. Набљудувачите сметаат дека времето за средбата дава основа да се заклучи дека лидерите сериозно ќе се зафатат со расчистување на посебно спорното прашање на денуклеаризација.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама