Трамп го омаловажува НАТО | Свет | DW | 22.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп го омаловажува НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон демонстрира кои партнери за САД се поважни од НАТО. Тоа е намерен сигнал, оценува во својот коментар Миодраг Шориќ.

Неверување, неразбирање, збрканост - ова се најблагите реакции. Политичарите во Вашингтон не разбираат зошто Рекс Тилерсон нема да патува на состанокот на министрите за надворешни работи од НАТО-земјите. Наместо тоа, тој на почетокот од април ќе лета за Флорида. Таму ќе разговараат шефовите на држави од Америка и Кина. Изгледа тоа не може без Тилерсон, кој пред неколку дена се врати од Пекинг. Врските со Кина, за актуелната американска администрација очигледно се поважни отколку врските со сојузниците. 

Оваа одлука не може да се разбере поинаку. Тоа е политички сигнал кој го слабее НАТО. Дали Американците се безусловно приврзани кон трансатлантскиот одбранбен сојуз? Лани, во текот на предизборната кампања, се појавија сомнежи во тоа. Трамп го нарече НАТО „надминат“и истовремено најави подобрени односи со Русија. Сега тој и неговите министри повеќепати ја подвлекоа поддршката кон НАТО. Но, недоаѓањето на Тилерсон на состанокот на министрите за надворешни работи, повторно буди скепса.

Soric Miodrag Kommentarbild App

Миодраг Шориќ

Шпекулации околу мотивите

Трустовите на мозоци во Вашингтон шпекулираат околу заднината на оваа одлука. Јасно е дека за нешто такво одлука не донесува самиот министер за надворешни работи, туку тоа го прави внатрешниот круг на моќ во Овалната соба. Таму очигледо расте нетрпението да се дочека првиот надворешнополитички успех на претседателот Трамп.

Надворешнополитички шах

Зашто, поинаку отколку што беше најавено, Мексико нема да плати за изградбата на ѕидот на границата со САД. Плановите да се ризикува нов почеток со Русија и заеднички, на пример, да се напаѓаат позициите на Исламска држава во Сирија, се исто така одложени - од внатрешнополитички причини. Конгресот ги испитува евентуалните врски меѓу изборниот тим на Трамп и Москва. Сѐ додека трае истрагата, нема да има обид за приближување кон Кремљ. Сега повторно расте и затегнатоста во односите со Иран. Трамп го преиспитува и атомскиот договор со Техеран. Но, не сака да го напушти. Така, во билатералните односи владее мешавина од недоверба и чудење.

Останува Северна Кореја. Тамошниот диктатор Ким Јонг Ун тестира две работи: новите ракети со среден дострел и лидерската сила на американскиот претседател. Крајно, во предизборната кампања Трамп најави дека во односите со Пјонгјанг ќе покаже помала трпеливост, отколку неговиот претходник. Услов за поостро постапување кон Ким Јонг Ун е кинеска согласност. Тилерсон се трудеше во овој поглед при посетата на Пекинг. Трамп ќе го направи истото при средбата со својот кинески колега по функција. И покрај тоа, изгледите за успех се мали. Колку и да се незадоволни од Ким Јонг Ун, Кинезите тешко дека ќе дозволат да бидат злоупотребени како алатка на Вашингтон. Така, Трамп и натаму ќе мора да чека на својот прв надворешнополитички успех.

 

DW.COM

Реклама