1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Russland Ukraine Krieg | Mariupol
Фотографија: Mstyslav Chernov/AP Photo/picture alliance

Трае потрагата по преживеани во театарот во Мариупол

БГ /АП
17 март 2022

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани во урнатините на театарот во Мариупол кој беше разнесен од руски воздушни напади во средата. Стотици цивили беа засолнети во објектот.

https://www.dw.com/mk/%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%83%D0%BF%D0%BE%D0%BB/a-61167090

Еден ден по воздушниот напад врз театарот во Мариупол, се уште нема точна информација за бројот на жртви и повредени. Стотици цивили биле засолнати во зградата во центарот на разурнатиот град, откако нивните домови биле уништени во руските напади. Градот е речиси целосно отсечен од комуникациите со светот и не е познато дали некој успеал да излезе од урнатините.

„Се надеваме и сметаме дека некои луѓе кои беа во скривницата под театарот преживеале“, вели Петро Андрушченко, советник во канцеларијата на градоначалникот на Мариупол. Тој вели дека зградата има релативно модерно засолниште од бомби кое би требало да ги издржи ударите.

Други претставници претходно рекоа дека некои луѓе успеале да излезат. Украинската народна правобранителка Људмила Денисова соопшти дека скривницата издржала. 

50 бомби дневно паѓаат врз Мариупол  

Сателитски снимки направени во понеделникот покажуваат големи бели букви пред двата влеза на театарот со порака: „ДЕЦА“ на украински, со цел да им се укаже на авионите да не бомбардираат. 

Руската армија тврди дека не извршила никакви напади врз Мариупол во текот на целиот ден во средата. 

Ukraine Mariupol | Maxar Satellitenaufnahme | Drama Theater
На сателитските снимки од театарот во Мариупол се гледа дека на две места е напишано „ДЕЦА“Фотографија: Maxar Technologies/AP/picture alliance

Според податоците, околу 80% од сите станбени објекти во Мариупол се уништени во непрекинатото руско бомбардирање кое трае веќе три недели. Од нив, околу 30% не можат да се обноват, велат локалните власти.

„Во просек паѓаат меѓу 50 и 100 бомби врз градот секој ден. Уништувањето е огромно“, соопшти градскиот совет на Телеграм. Информацијата не можеше да биде независно потврдена. Досега околу 30,000 цивили успеале да го напуштат градот кој пред војната имаше 400,000 жители.

Очајна е состојбата и во градот Чернихив на северот на земјата, каде во последните 24 часа биле убиени најмалку 53 цивили во руското бомбардирање. Украинските спасувачки служби ги откриле телата на мајка, татко и нивните три деца, од кои две тригодишни близнаци, под урнатините на хостел кој бил гранатиран од руските сили.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Конечно шини на Коридорот 8?

Пругата наречена „желба“ ќе влезе во графата - изградба

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница