1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
USA Rex Tillerson
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan

Тилерсон: САД не се непријател на Северна Кореја

ЖА
2 август 2017

Додека американскиот претседател испраќа закани, шефот на американската дипломатија упатува помирливи тонови кон Пјонгјанг. Рекс Тилерсон истакнува дека ССД не сакаат промена на режимот во Северна Кореја.

https://www.dw.com/mk/%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BE%D0%BD-%D1%81%D0%B0%D0%B4-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0/a-39932413

Американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон, во екот на растечките тензии поради Северна Кореја, упатува помирувачки изјави. САД не гледаат непријател во владата во Пјонгјанг, изјави тој на прес-конференција во Вашингтон, а на адреса на Северна Кореја порача: „Ние не сме закана за вас, но вие претставувате неприфатлива опасност за нас, на која мора да реагираме.“

Целта на САД не е смена на режимот во Пјонгјанг, потенцираше министерот: „Нам не ни е до рушење на режимот, нам не ни е целта забрзано обединување на Корејскиот Полуостров, ниту бараме изговор за ангажман на американската војска“. САД единтсвено вршат „мирен притисок“ врз Северна Кореја, со намера да ја натераат на прифаќање дипломатски преговори. Но, предуслов за нив се земјата да покаже подготвеност да се откаже од својата атомска програма, рече Тилерсон. Тој беше многу повоздржан во изјавите од останатите членови на американската влада во изминатите денови. Паралелно со него, на истата тема зборуваше и портпаролката на претседателот Доналд Трамп, Сара Сандерс, според која, сите опции во однос на Северна Кореја се отворени, вклучувајќи и воена акција.

По две атомски проби и бројни ракетни тестови од страна на меѓународно изолираната земја, ситуацијата во регионот од минатата година е исклучително напната. Во петокот Северна Кореја вторпат во рок од еден месец тестираше ракета со долг дострел.

САД вршат притисок и врз Кина, сојузник на Пјонгјанг, за која Вашингтон е убеден дека има големо влијание врз Северна Кореја, уште повеќе што околу 80 проценти од вкупната трговија на комунистичката земја се одвива преку Кина. Доналд Трамп инсистира на поголем кинески ангажман во севернокорејскиот атомски спор.

Северна Кореја минатата недела им се закани на САД со атомски напад ако Американците се обидат да го соборат властродржецот Ким Јонг Ун. Северна Кореја повеќепати вршеше детонација на атомски бомби под земја. Не може со сигурност да се утврди дали земјата е технички оспособена за изградба на атомски бомби, кои можат да бидат транспортирани со ракети. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница