Апелациски суд во рускиот главен град Москва ја отфрли жалбата на Алексеј Навални на пресудата за издржување повеќегодишна затворска казна. 44-годишниот критичар на Кремљ, по одбивањето на времето поминато во куќен притвор и веќе издржаниот притвор, треба да помине уште двеипол години во казнен логор, судиите го намалија времетраењето за шест недели.
Преостануваат и натамошни процеси, меѓу другите поради наводна навреда на воени ветерани, за што се расправа исто така денеска а за кое дело обвинителството бара висока парична казна.
Навални беше осуден на почетокот на месецов поради прекршување на условната казна во поранешна кривична постапка, нејавување кај судот меѓутоа во време во кое беше на лекување во Германија по атентатот со нервниот отров Новичок врз него. За нападот извршен против него додека престојуваше во Сибир во август, Навални ги обвини руската внатрешна тајна служба и претседателот Владимир Путин, што Кремљ пак го демантираше.
Опозиционерот и неговите поддржувачи судскиот процес го сметаат за политички мотивиран и насочен за замолкнување на политичкиот противник на власта. Затворањето на Навални пред околу еден месец предизвика масовни протести во земјата,уапсени се преку 11.000 луѓе.
Европскиот суд за човекови права во средата побара од Русија итно да го ослободи Навални, а Москва во оваа пресуда гледа мешање во внатрешните работи на земјата. Министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник ќе разгледуваат евентуални натамошни санкции поради случајот Навални.
-
Раскош и фалбаџиство: вака живеат моќниците
Тајната мега-резиденција на Путин
Рускиот претседател Владимир Путин, се тврди, изградил скриена палата на брегот на Црното Море со јавни пари. Видео објавено од антикорупциската фондација на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, прикажува имот кој е 40 пати поголем од Кнежевството Монако. Палатата чинела 1,1 милијарди евра, а наводно ја финансирале руски државни претпријатија.
-
Раскош и фалбаџиство: вака живеат моќниците
Помпезна палата за кралот на Мароко
Кралската палата во Рабат е само една од редицата палати кои му припаѓаат на мароканскиот крал Мохамед Шести. Авторите на инвестигативната книга „Кралот арамија“ пишуваат дека одржувањето на палатите даночните обврзници дневно ги чини 1,2 милиони евра. Палатата во главниот град на Мароко е изградена во средината на 19 век, на огромниот имот има и училиште за кралските деца.
-
Раскош и фалбаџиство: вака живеат моќниците
Блескавата палата на Ердоган на Езерото Ван
Додека Турција страда поради економска криза, турскиот претседател Реџеп Таип Ероган гради палати. Меѓу другите, едно велелепно здание е директно на брегот на Ван Езерото, а според турските медиуми, подигањето чинело 14 милиони евра - пари на даночните плаќачи. Донесената забрана за изградба Ердоган ја елиминирал со промена на законот.
-
Раскош и фалбаџиство: вака живеат моќниците
250 бањи за султанот од Брунеи
Во Бандар Сери Бегаван, престолнината на Брунеи, се наоѓа најголемата палата на Земјата: Истана Нурул Иман. Таа од 1984 година е приватна и официјална резиденција на султанот од Брунеи. 1800 соби се распространети на 200.000 квадратни метри, во неа има 18 лифтови и преку 250 бањи. Над сопствената џамија се издига златен покрив. Палатата чини преку една милијарда долари.
-
Раскош и фалбаџиство: вака живеат моќниците
Резиденција отворена за посетители, ноќе е осветлена
Изградбата на Раштрапати Бхаван - во превод од индиски - Претседателската палата, траела 17 години. Од 1950 година таа е седиште на индиските претседатели, а во неа престојуваат и странските гости. На четири ката се распоредени 340 соби. Коридорите имаат вкупна должина од дваипол километри, палатата има и сопствена градина, поголема од 100 фудбалски игралишта.
-
Раскош и фалбаџиство: вака живеат моќниците
Море од бели куполи
Скриен град, во срцето на Абу Даби -така може да се нарече 380.000 квадратни метри големата Кваср-ал-Ватан палата. Таа е седиште на владата, претседателот и престонаследникот исто така тука имаат канцеларии и ги пречекуваат во нив странските гости. Позлатени врати, ѕидови од мермер и живописни мозаици ја красат палатата подигната во 2015 година, во меѓувреме отворена и за посетители.
-
Раскош и фалбаџиство: вака живеат моќниците
Импозантен јарбол
Официјалната резиденција на претседателот на Таџикистан, Кохи Милат, наречена и Бела куќа, се наоѓа во главниот град на земјата, Душанбе. Но, главната атракција всушност е огромниот јарбол кој е подигнат на земјиштето пред зградата - со 165 метри тој е втор по големина во светот.
Автор: Рахел Клајн