Судир на Меркел и Макрон околу идниот претседател на ЕК | Свет | DW | 28.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Судир на Меркел и Макрон околу идниот претседател на ЕК

Лидерите на ЕУ членките денеска за првпат ќе се обидат да го договорат идниот состав на Европската комисија- вклучително и нејзиниот претседател- по изборите за Европскиот парламент. Несогласувања меѓу Меркел и Макрон.

Пред почетокот на ЕУ самитот, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земја останува на ставот дека новиот претседател на Европската комисија треба да биде водечкиот кандидат на победничката партија на изборите.
Меркел се надева дека ЕУ лидерите брзо ќе ги донесат одлуките.
„Сакаме да најдеме решение што е можно побрзо со оглед дека Европскиот парламент ќе се состане на почетокот на јуни и би било пожелно дотогаш да имаме предлог од Европскиот совет.“
Канцеларката потврди дека нејзината влада се уште го поддржува концептот на „водечки кандидат“, односно идниот претседателот на ЕК да биде оној кој ја предводел победничката партија на изборите.
И покрај значително намалениот број на пратенички места, конзервативната Европска народна партија (ЕНП) и нејзиниот водечки кандидат, Германецот Манфред Вебер, освоија најмногу гласови на изборите.
И францускиот претседател Емануел Макрон сака брзо решение за кандидатот, „најдобро“ во јуни, но во понеделникот тој изјави дека принципот на „водечки кандидат“ не треба да биде автоматски, вели извор од неговиот кабинет за агенцијата Ројтерс. Партијата на Макрон, „Напред“ повеќе пати досега повтори дека е против концептот на „водечки кандидат“.

Нови сојузништва

Европската народна партија, чиј дел е ЦДУ на Меркел, ги обединува конзервативните партии низ цела ЕУ и победува на изборите за Европскиот парламент од 1999 година наваму. Иако на последните избори тоа повторно беше случај, сепак ЕНП загуби 36 пратенички места, и сега има 180 во новата легислатива. Социјалистите и Демократите загубија 39 места, и сега имаат вкупно 146.

Infografik 27.05.2019, 7:07 EU Wahl 2019 - Parlament MAZ


Поради тоа, двете партии повеќе го немаат традиционалното мнозинство во 751-члениот парламент, и ќе мора да вклучат и други партии во коалицијата.
Влијанието на Макрон е засилено по неделните избори, откако неговата партија обезбеди 23 места во парламентот. Таа ќе биде најголемата групација во Алијансата на Либералите и Демократите за Европа (АЛДЕ), третата најголема група во парламентот.
Лидерот на ЕНП, Манфред Вебер, најави дека ќе разговара со другите политички групации со цел да формира широка коалиција. „Задачата на демократите е да разговараат“, рече Вебер.
Но, тоа делува како тешка задача.
„Според нас, омилениот кандидат на Ангела Меркел целосно се дисквалификуваше“, изјави Паскал Канфан, еден од водечките кандидати на партијата на Макрон, во понеделникот. „Идното мнозинство во парламентот поминува преку нас, без дилема. Без нас тоа не постои“, рече Канфан.
Меѓу останатите потенцијални кандидати за наследници на Жан-Клод Јункер се и актуелниот потпретседател, социјалистот Франс Тимерманс, како и комесарката за конкурентост од АЛДЕ, Маргрет Вестагер.

DW.COM

Реклама