1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Deutschland | Symbolbild | Coronavirus | Wirtschaft
Фотографија: Axel Bueckert/Zoonar/picture alliance
Конфликти

Смрзнување против Путин и за Украина?

Немања Рујевиќ
18 март 2022

Многу Германци бараат итна забрана за увозот на сите руски суровини. Но, тоа само би ѝ наштетило на Германија и ништо не би променило во војната, вели Немања Рујевиќ.

https://www.dw.com/mk/%D1%81%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%BF%D1%83%D1%82%D0%B8%D0%BD-%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0/a-61169566

Има луѓе кои мразат делови од своето тело, како десното стапало или левото око. Соодветниот стручен назив на англиски јазик е Body Integrity Identity Disorder (BIID), а станува збор за патолошка желба за попреченост. Таа е задоволена само кога, на пример, ќе биде ампутирано десното стапало.

Во изминатите неколку дена, многу Германци беа опседнати веднаш и целосно да се откажат од рускиот гас и нафта. Не смееме да се продолжиме да му ја полниме „воената каса на Путин“, велат тие. Добро е познато дека брзи алтернативи не се достапни, но токму затоа многумина сметаат дека токму таквата забрана за увоз на руски гас и нафта е голем херојски чин на солидарност со нападнатата Украина. 

Заблудата дека му се поматуваат сметките на Путин 

Неподнослива е ноншалантноста со која се бара откажување на половина од увозот на гас и на јаглен и околу од една третина од досегашните количества нафта, а последиците целосно се игнорираат. Уште понеподнослива е претпоставената директна врска меѓу нашите топли станови во Германија и страдањата на Украинците.

Заблуда е дека ќе му ги поматиме сметките на Путин ако ние, кукавиците, конечно би биле подготвени да носиме топли џемпери дома, да точиме поскапо гориво и да прифатиме други драматични поскапувања.

Немања Рујевиќ, автор на коментарот
Немања Рујевиќ, автор на коментаротФотографија: DW

И иронично е дека токму партијата на Зелените, нивната министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која е многу критична кон Русија, зборуваат против итна забрана за увоз на фосилни горива и мора да апелираат на разумност на своите сонародници. Бидејќи без руските суровини, германските градинки би останале студени и би постоел ризик од прекин на снабдувањето со електричната енергија во градовите, вели Бербок. А тоа може само да му се допадне на Путин. 

Сè однапред пресметано 

Злосторничката инвазија врз Украина е длабоко ирационална и мегаломанска. Но, поради тоа, не треба да мислиме дека во Кремљ седат само идиоти кои не знаат да сметаат. Поверојатно е дека тие однапред ги имаат пресметано ризиците од санкциите, критиките од редовите на олигарсите и протестите на сопственото население. 

Со неговата агресија врз Украина, Путин прифаќа илјадници невини жртви, па дури и ги претвора сопствените војници во топовско месо. Тој исто така знае дека во Украина се појавува цела генерација која ќе има добри причини да остане непријателски настроена кон Русија. И шефот на Кремљ секако е свесен дека во западниот свет сега го сметаат за главен негативец. Единственото нешто од што се плаши Путин е да ја загуби оваа војна. Но, ова крвопролевање сигурно нема да престане доколку Германија престане да увезува гас од Русија, на сопствена штета.

Русите во очајна потрага по странски валути

Речиси без исклучок, денешните креатори на јавното мислење во Германија припаѓаат на среќна генерација која знае само за мир, просперитет и демократија. Тоа е добро. Но, никого не треба да го чуди тоа дека таа знае малку за војната, мизеријата и диктатурата. Како дете на 1990-тите во тогашниот преостанат дел од Југославија (составен само од Србија и од Црна Гора), сето тоа го знам премногу добро. И тогаш се зборуваше дека западните санкции биле насочени исклучиво кон Слободан Милошевиќ и неговиот режим. Но, тоа секогаш беше само желба: санкциите предизвикаа хиперинфлација, со нас носевме банкноти од 500 милијарди динари, со кои тешко можеше да се купи нешто во празни супермаркети. Тоа беше реалноста! 

Санкциите се како касетни бомби 

Покрај тоа што денешна Русија, само поради добрите односи со Кина и со Индија, не може да биде доведена во таква беда: самиот Путин безбедно седи во својот златен бункер. Обичните луѓе во Русија, од друга страна, ќе страдаат двојно - од диктатурата на Путин и од западните санкции.

Сеопфатните санкции се како касетни бомби - тие секогаш погодуваат погрешни луѓе. Погодни се само како средство за одмазда, но едвај се погодни за промена на политиката. Затоа забраната за увоз на руски суровини не би била ништо повеќе од многу скап симболичен чин кој само сведочи за нашата беспомошност. Желбата е разбирлива: никој во Германија не сака да предизвика Трета светска војна, но сака да заземе став кон руската агресија, па дури и да се жртвува. Но, не треба лекоумно да постапуваме и без какви било изгледи за успех да се смрзнуваме во нашите студени станови.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница