Сирија: Нема изгледи за подобрување | Свет | DW | 26.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сирија: Нема изгледи за подобрување

По најавеното повлекување на САД од Сирија, војната во 2019 би можела да влезе во нова рунда. Владата на Асад е полуцврста, но на сцената се појавуваат стари играчи со нова сила.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред Божик објави дека неговата војска ќе се повлече од Сирија. Првите подготовки се во тек. За Сирија тоа може да има тешки последици. Откако јасно беа исцртани сферите на влијание на Русија, САД, Иран и Турција, сега повторно би можело да дојде до промени. САД ќе остават вакуум кој останатите држави ќе се обидат да го пополнат. Турција е заинтересирана да го зацврсти влијанието на северот на земјата, во деловите претежно населени со Курди. Иран ќе се обиде да се зацврсти околу Дамаск, но и во близина на сириско-израелската граница. Русија пак ќе се концентрира на други области, како на пример пристанишното место Тартус. Отворено е прашањето колку Русија ќе се вклучи во борбата против ИД која сѐ уште не е поразена. Може да се смета на тоа дека Москва ќе сака преку Сирија да го зајакне влијанието на Блискиот Исток. Не се знае ни како Израел ќе реагира на новата ситуација. Тешко дека израелската држава ќе дозволи иранско присуство во близина на границата.

Повеќе: 

Трамп си заминува од Сирија: Тешка грешка

Повлекувањето на трупите на САД од Сирија заверено

Проблемот со паравојската

Нејасно е како Асад се справува со паравоени формации. Илјадници ирански припадници на Револуционерната гарда, ирачки и авганистански милиции, како и либанските борци на Хезболах со години се борат на страна на владата. За тоа време владата научи едно, вели директорката на фондацијата Хајнрих Бол во Бејрут, Бенте Шелер. А, тоа е дека ригорозните мерки против востаниците се исплатат. Таквиот принцип, според Шелер, ќе продолжи да се применува. „Врз основа на досегашните искуства ниту во иднина нема да смета дека има потреба да седне и да преговара. Токму поради тоа што сега се на победнички курс, и натаму ќе ја применуваат докажаната стратегија”, вели Шелер.

Syrien Manbidsch US Truppen (picture-alliance/AP Photo/H. Malla)

Американските војници ќе се повлечат од Сирија

Неизвесната иднина на Идлиб

Горенаведеното особено ќе се однесува на Идлиб, провинција во која живеат 2-3 милиони луѓе и која е опколена од сириската војска. Според проценки на ОН, 99% од луѓето во Идлиб се цивили. Но, таму има и борци пребегани од други делови на земјата, а меѓу нив и џихадисти. Овој дел од земјата, и покрај бројните закани, досега беше изоставен од обидите да се демилитаризираат џихадистите, односно таквите обиди на Турција досега беа безуспешни.

Шелер смета дека борците досега и немале посилна прилина да дозволат разоружување. „Зошто да се откажат од нешто без притоа да добијат нешто за возврат, на пример - да може безбедно да го напуштат градот или пак веродостојна амнестија?” Затоа Шелер очекува дека кризата околу Идлиб ќе трае сѐ додека не биде севкупно решен конфликтот околу Сирија.

Бегалци како политичко оружје

Тоа ја прави и ситуацијата за Европа толку бризантна. Русија, се вели во коментар на Ал Џазира, во сириската криза постојано игра на картата на бегалците. „Русија намерно напаѓа цивили во регионите под контрола на опозицијата за да предизвика бегалски бран кон Турција и Европа. Така сакаат да ги натераат да го ревидираат својот став за поддршка на опозициските борци.” Русија во рацете држи моќно оружје, а бегалските струи кон Европа го сменија политичкиот релјеф на континентот. Во речиси сите земји земаа замав деснопопулистички партии во парламентите.

Шелер смета дека Русија и Сирија на ист начин ќе играат и во Идлиб. „Ако има воена офанзива, Идлиб ќе биде картата со која режимот и Русија најмногу ќе ја стават под притисок Европа. Сигурна сум дека тоа и ќе го направат.”

Syrien Krieg Idlib | Familie in Flüchtlingslager (picture-alliance/Anadolu Agency/E. Musa)

99 проценти од луѓето во Идлиб се цивили

Иран: дојдовме за да останеме

Со кои средства и да сака сириската влада и нејзиниот поддржувач Русија да го држи Идлиб под своја контрола, Сирија политички никогаш нема да биде истата земја која беше до 2011. За тоа ќе се погрижи нејзиниот друг поддржувач - Иран. Според информации на весникот Форин Полиси, повеќе од 2 илјади ирански војници се загинати во Сирија. Земјата вложила повеќе од 30 милијарди долари во војната во Сирија. Техеран тешко дека ќе попушти под меѓународниот притисок да се повлече од земјата. „По толку големи инвестиции, Иран е решен да си ги обезбеди долгорочните предности кои ги нуди земјата, дури и ако тоа значи краткорочна загуба на уште животи и пари.”

Таквата стратегија, пред сѐ по повлекувањето на САД, ќе предизвика тензии, смета Шелер. Израел во присуството на Иран гледа опасност по националната безбедност. Затоа и натаму ќе се противи на присуството на Иран во регионот. Како ќе се заврши конфликтот е отворено прашање. „Иако има предупредувања и Израел со напади во делови од земјата покажа дека нема да толерира иранско присуство, тоа е сепак зацврстено. Покрај тоа, Иран има и зголемено персонално присуство во регионот во споредба со минатата година.”

Војната во Сирија од локален аспект може да изгледа решена, но на меѓународно ниво е отворена. Во 2019 земјата изгледа и натаму во некои делови ќе има конфликт.

DW.COM

Реклама