САД: Повлекувањето од Авганистан и Ирак е неодговорен потег | Свет | DW | 18.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД: Повлекувањето од Авганистан и Ирак е неодговорен потег

Планот на Доналд Трамп, до средината на јануари да го намали бројот на американски војници во Авганистан и во Ирак до 2.500, е шлаканица за сојузниците и ги зајакнува екстремистичките сили во двете земји, смета Инес Пол.

Надежите дека на непредвидливата и себична влада на Доналд Трамп ќе и’ дојде крајот со јасната победа на Џо Бајден, сега уште еднаш се распрснаа. Актуелниот претседател на Соединетите американски држави уште девет недели ја има власта во рацете. И, тој е подготвен да ја користи својата моќ до последните часови.

Ова се потврдува и со неговата најава за намалување на трупите на војската на САД во Авганистан од околу 4500 на 2500 - и во Ирак од околу 3000 на 2500. И тоа до 15 јануари. Тоа е само пет дена пред денот кога тој мора да му ја предаде диригентската палка на неговиот наследник, Џо Бајден.

Оваа неодговорна, избрзана одлука повлекува тешки последици. Во прв ред за погодените луѓе во двете земји.

Војните беа поттикнати без добро осмислени стратегии. Во Ирак, тоа беше лажното тврдење дека земјата располага со оружје за масовно уништување. САД, пак, го нападнаа Авганистан по терористичките напади на 11 септември 2001 година. Заедно со НАТО и други сојузници. Интервенцијата предводена од САД зазеде страна во активен конфликт без јасна стратегија.

Американските трупи обезбедуваат одредена предвидливост

Децениските војни оставија длабоки рани во двете земји. Стабилни држави кои можат да ги заштитат своите граѓани од насилство не постојат ниту во Авганистан ниту во Ирак. Актуелната ситуација таму е апсолутно незадоволителна од многу аспекти. Нема сомневање во тоа.

Ines Pohl Kommentarbild App

Инес Пол, авторка на коментарот

Па сепак, присуството на американските трупи во двете земји овозможува одреден степен на предвидливост. Во Авганистан тие се средство за притисок врз застојот на мировните разговори со талибанците. Ако Американците сега на врат на нос се повлечат, тоа ширум ќе им ги отвори портите на радикалните сили.

Во Ирак, впрочем, можеше да се види колку тоа и одеше од рака на Исламска држава. Сирија е исто така доказ дека вакуумот на моќ се пополнува од други сили, кои ги следат само сопствените интереси. Тоа е опасно за меѓународната заедница. И смртоносно за сите Авганистанци кои денес се борат за демократска држава што ги вреднува човековите права.

Нема иднина за НАТО

Некоординираното повлекување на трупите наредено од страна на Трамп е шлаканица и за меѓународните сојузници. Прво и најзначајно, НАТО, кој по 11-ти септември за првпат во својата историја прогласи т.н сојузнички случај, за да обезбеди поддршка за САД. И сега, токму американскиот претседател го прекршува железното правило: заедно внатре, заедно надвор. Партнерите во НАТО во нивната мисија во Авганистан се апсолутно зависни од логистичката поддршка од САД.

Повеќе:

-Светот каков што беше пред Трамп, нема да се врати

-Како Трамп ја промени светската политика

-Трамп ги повлекува трупите и остро ја критикува Германија

Сметам дека е исправно тоа што Доналд Трамп ја принуди Европа и експлицитно Германија да троши повеќе пари на одбранбениот сојуз и исто така да ги надградува сопствените воени способности. Краткорочно драстично да се скратат комплексни договори како заедничкото воено присуство во Авганистан е нешто сосема друго. Ако најважната земја членка не се придржува до никакви договори, Алијансата нема иднина.

Тешко наследство за Џо Бајден

Трамп ги повлекува трупите наспроти советите на неговите генерали и водечките републиканци. Поништувањето на таквиот чекор ќе го чини Џо Бајден многу сила.

 А до 20 јануари може да се случи уште многу.

Со најавата за неуредно повлекување на трупите од Авганистан и од Ирак, веќе нема сомнеж дека Доналд Трамп е буквално подготвен да чекори преку трупови, со цел да ги држи задоволни своите следбеници и да ги приврзе за себе, и далеку по неговиот мандат на функцијата.

 

Реклама