Руско вето за истрагата за напади со хемиско оружје во Сирија | Свет | DW | 18.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Руско вето за истрагата за напади со хемиско оружје во Сирија

Русија повторно во Советот за безбедност на ОН со вето ја запре натамошната истрага за употреба на хемиско оружје во Сирија, која на предлог на Јапонија требаше да продолжи уште еден месец.

Јапонија предложи резолуција која постојниот мандат на т.н. Заеднички механизам на ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) за истражување на хемиските напади во Сирија, требаше да го продолжи за 30 дена, во надеж дека ќе бидат откриени нови докази.

Ова е веќе единаесетто вето на Русија во Советот за безбедност на ОН, поврзано со сирискиот конфликт. Русија е постојана членка на највисокото тело на ОН. Тимот од ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), упатиобвинувања на адреса на  сириската влада  за употреба на нервен гас. Русија, сојузникот на сириската влада, го критикува ангажманот на експертите, последниот извештај на специјалистите за хемиско оружје рускиот амбасадор во ОН, Васили Небенсја демонстративно го отфрли како „глупав виц“.

Москва и во четвртокот со вето блокираше резолуција предложена од САД.  „Русија го прокоцкува нашето време“, изјави во таа прилика видно изнервираната американска амбасадорка во ОН, Ники Хејли. Контрапредлогот за продолжување на мандатот на Заеднички механизам на ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), доставен потоа од Русија, Боливија и Кина, беше отфрлен од трите западни вето-сили во ОН- САД, Велика Британија и Франција. Дали експертскиот тим ќе биде расформиран или сепак ќе добие можност за натамошна истрага, останува отворено прашање.

 

DW.COM

Реклама