Рускиот патријарх обвинува за мешање на политиката во црковните прашања | Свет | DW | 07.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Рускиот патријарх обвинува за мешање на политиката во црковните прашања

Рускиот патријарх Кирил оцени дека основањето на самостојна православна Национална црква во Украина е „беспримерно мешање“ на политиката во црковните прашања.

Russland Patriarch Kirill und Putin (picture-alliance/AP Photo/A. Nemenov)

Рускиот патријарх Кирил и претседателот на Русија, Владимир Путин (архива, 4.11.2018, Москва)

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во својот денешен Божиќен говор кој беше пренесуван на руската телевизија, оцени дека „новата црква“ во Украина е политички поредок. Тој нагласи дека Украина се изјаснила за европските вредности, а „една од многу важните вредности на Европа е принципот на поделба на црквата и религијата од државата“.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј во текот на викендот во Истанбул го потпиша документот за самостојност на украинската црква.

Türkei - Patriarch erkennt ukrainische Kirche an (Reuters/M. Sezer)

Вселенскиот патријарх Вартоломеј го бакнува украинскиот митрополит Епифаниј по предавањето на томосот со кој Украинската црква добива автокефалност (6.01.2019, Истанбул)

Црковните планови за самостојност беа дел и од предизборната кампања на украинскиот претседател Петро Порошенко. Доколку рускиот претседател Владимир Путин би се однесувал така, тогаш тоа би предизвикало „бура од критики на сметка на Русија од страна на западните земји и активистите за човекови права“, рече денеска партијархот Кирил, додавајќи дека во случајот на Украина земјите од Европа и САД не реагирале.

Повеќе: 

Украинската црква прогласена за автокефална

Расколот во православната црква- пораз за Путин

Втората голема шизма во христијанскиот свет

На улогата на црквата во руското општество денеска се осврна и рускиот претседател Владимир Путин. Тој во соопштението по повод Божик ја пофали улогата на црквата: „Таа прави многу за решавање на итните социјални проблеми“. Според рускиот претседател, црквите се грижат за хармонија, го зајакнуваат семејството како институција, воспитуваат млади луѓе и го хармонизираат меѓурелигискиот дијалог.

Russland orthodoxes Weihnachten | Putin (picture-alliance/AP Photo/A. Druzhinin)

Владимир Путин во Санкт Петербург, 6.01.2019

Путин го прославува Божик во својот роден град Санкт Петербург, каде присуствуваше на богослужба во црквата во која бил крстен. Критичарите ѝ префрлаат на птравославната црква во Русија дека е преблиска со руската држава.

DW.COM

Реклама