1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Russische Rubel Banknoten
Фотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Рускиот државен фонд брзо се зголемува

Тагесшау | ЕМФ
7 јуни 2022

Вредноста на Рускиот државен фонд за само еден месец се зголеми енормно и тежи речиси 200 милијарди долари. Над 40 милијарди долари дојдоа од бизнисот со нафта и гас. Се остварува ли сметката на Путин?

https://p.dw.com/p/4CLy3

Волуменот на Рускиот државен фонд во последно време забележува енормно зголемување. На 1 јуни тој изнесуваше 197,7 милијарди долари, произлегува од податоците на Министерството за финансии. Тоа значи дека е достигната најголема вредност од рускиот напад на Украина и е само малку под досегашниот рекорд од 197,75 милијарди долари, забележан во ноември 2021 година.

Сѐ почна со 32 милијарди долари

За споредба - на 1 мај вредноста на Рускиот државен фонд изнесуваше 155,2 милијарди долари. Големиот скок од 42,5 милијарди долари се должи на приходите од 2021 година, кои на фондот му беа префрлени во мај годинава. Државниот фонд се полни главно со приходи од извозот на нафта и гас. При основањето, во 2008 година, вредноста на фондот изнесуваше 32 милијарди долари. Според руското Министерство за финансии, една од главните задачи на фондот е финансиско зајакнување на пензискиот систем во земјата.

Но, поради војната во Украина, значењето на фондот е далеку поголемо. Со помош на милијардите од фондот, рускиот претседател Владимир Путин сака не само да ги порамнува осцилациите во буџетот, туку и да ја намали зависноста на својата земја од американскиот долар и финансиските текови во долари. Руските власти планираат средствата од фондот да ги употребат за покривање на буџетскиот дефицит којшто се очекува годинава.

Руската економија е под огромен притисок поради западните санкции, што се чувствува и во националниот буџет. Во април приходите од ДДВ биле за 54 отсто помали од претходната година, пишува дневниот весник „Комерсант“, повикувајќи се на прелиминарни податоци на Министерството за финансии.

Karikatur von Sergey Elkin | Putin Gas Rubel
Карикатура на Сергеј ЕлкинФотографија: DW

На руската економија ѝ се заканува голема рецесија

Според економистите, како резултат на западните санкции руската економија годинава најверојатно ќе забележи пад од 7,6 отсто, покажува анкета на Ројтерс во која учествуваа 18 експерти. Интерната прогноза на московското Министерство за финансии е уште попесимистичка. Според неа, брутодомашниот производ (БДП) ќе се намали до дванаесет проценти оваа година. Споредлива рецесија во земјата последен пат се случи во 1990-тите, кога руската економија по падот на Советскиот Сојуз се вртеше кон капитализмот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Франк-Валтер Штајнмајер Северна Македонија

Штајнмајер: Не се враќајте назад од последните метри

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница