Русија повторно против влезот на Македонија во НАТО | Северна Македонија | DW | 20.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Русија повторно против влезот на Македонија во НАТО

Официјална Москва денеска повторно предупреди дека влезот на Македонија во НАТО би можел да има негативни последици за регионалната безбедност, но и за билатералните односи меѓу двете земји.

Belgien | Russischer Ständiger Vertreter bei der NATO Aleksander Grushko

Александер Грушко

Руската официјална политика по вторпат во последниот месец отворено се спротивстави на можниот влез на Македонија во НАТО. Најновото предупредување, кое содржи и закана по иднината на билатералните односи, произлезе од средбата на македонскиот амбасадор во Москва, Гоце Карајанов со рускиот заменик-министер за надворешни работи Александер Грушко. Според соопштението на руското МНР, двајцата дипломати разговарале за „актуелни билатерални прашања“. Грушко (насловна фотографија) е поранешен руски амбасадор во НАТО. Нема објаснување кој бил поводот за состанокот, но Карајанов и Грушко ја навеле потребата од продолжување на работата на Руско-Македонската меѓувладина комисија за трговија, економска, научна и технолошка соработка.

Од сооопштението се добива впечаток дека размената на мислења за состојбите на Балканот и влезот на Македонија во НАТО се одвивала како споредна тема.

„Руската страна наведе дека плановите да се внесе Република Македонија во НАТО би можеле да имаат негативни последици за регионалната безбедност и за билатералните односи“, гласи последната реченица од соопштението од состанокот.

Пред точно еден месец, во интервју за српската агенција Бета, слични предупредувања испрати и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, иако неговиот речник беше нешто поумерен. Лавров тогаш рече дека „проширувањето на НАТО со Македонија е грешка“. Во тој контекст, Лавров тогаш оцени дека проширувањето на НАТО „претставува можеби и најсериозен предизвик за општата европска стабилност и безбедност“.

 

DW.COM