1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Ukraine-Krieg I Zerstörung in Soledar
Фотографија: Aris Messinis/AFP/Getty Images
Конфликти

„Русите дел по дел го уништуваат Северодоњецк“

ЖА /РТР
13 јуни 2022

Руските трупи уништиле два од трите моста во Северодоњецк, цивилното население речиси нема шанса за бегство. Зеленски: „Ја браниме секоја педа“

https://www.dw.com/mk/%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BB-%D0%BF%D0%BE-%D0%B4%D0%B5%D0%BB-%D0%B3%D0%BE-%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%9A%D0%B5%D1%86%D0%BA/a-62113643

Во источноукраинскиот индустриски град Северодоњецк, според зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, украинската армија ја „брани секоја педа земја“, но е изложена на сѐ посилни руски напади.

„Најважната тактичка цел на окупаторите не е променета. Тие продираат кон  Северодоњецк,  таму се водат жестоки борби, буквално за секој метар земја“, изјави украинскит претседател во видео порака.

Руските трупи во меѓувреме уништиле два од трите моста кон соседниот град Лисичанск, што на цивилите им остава само уште еден излез за бегство. Во изминатите недели руската војска остави само прав и пепел од многу делови на градот со интензивни артилериски напади. „Русите уништуваат дел по дел од градот“, изјави гувернерот на  Луганск,  Серхиј Хајдај. Евентуалното освојување на  Северодоњецк би значело голем напредок на руската војска во обидот за преземање на контролата над целиот Донбас во Источна Украина.

Руските трупи веќе освоија голем дел од  Северодоњецк,  но украинските трупи и натаму ја контролираат индустриската зона и хемиската фабрика „Азот“, во која моментално засолнати се околу 500 цивили, од кои 40 деца. „Одвреме навреме украинската восјка успева некого да евакуира“, изјави гувернерот Хајдај. „Во момент кога ќе биде урнат последниот мост по најновиот интензивен оган, градот ќе биде вистински отсечен, нема да постои можност за напуштање на Северодоњецк со возило.“ Хајдај укажува на непостоење договор за прекин на огнот и евакуирачки коридори. И  Лисичанск е под постојан руски артилериски оган, таму е убиено шестгодишно дете. Агенцијата Ројтерс не била во можност да најде независна потврда на оваа информација.

По руската инвазија врз Украина од 24 февруари, руската војска своите напади од пред неколку недели ги концентрира пред сѐ врз Донбас. Раководството во Москва и натаму го користи терминот специјална операција за војната во Украина. Во неа во меѓувреме  се убиени повеќе десетици илјади луѓе.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Конечно шини на Коридорот 8?

Пругата наречена „желба“ ќе влезе во графата - изградба

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница