Рот е оптимист за преговорите на Македонија со ЕУ | Северна Македонија | DW | 26.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Рот е оптимист за преговорите на Македонија со ЕУ

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург дискутираат за отворањето преговори со Македонија и Албанија. Германија апелира до Франција и Холандија да не попречуваат консензус.

Deutschland Koalitionsverhandlungen von Union und SPD Michael Roth (picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka)

Михаел Рот е оптимист

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, е оптимист и смета дека министрите за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург можат да постигнат договор околу преговорите на Македонија и Албанија со Унијата. Пред средбата на шефовите на дипломатиите, Рот изјави дека двете земји направиле „забележителен напредок во сферата на владеење на правото и незaвисноста на судството“ и дека поради тоа Германија дава поддршка за почеток на преговори.

Повеќе: Германската влада препорача отворање ЕУ- преговори со Македонија

„Можам само да апелирам уште еднаш до нашите пријатели во Холандија и Франција да не му стојат на патот на неопходниот консензус“, изјави Рот пред денешната средба во Луксембург. Рот, изразувајќи оптимизам дека е можен договор, нагласи и дека Германија предложила компромис: „Можеме да изразиме одредена загриженост и да ставиме јасно до знаење дека особено Албанија мора да исполни извесни предуслови за отворање на преговарачките поглавја“, изјави тој.

Повеќе: Германија ја убедува Франција за отворање ЕУ-преговори со Македонија

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок им оддаде признание на двете земји за направениот „важен напредок“, но додаде и дека тие сѐ уште не се на целта. „Сакаме да видиме резултати во борбата против корупцијата и владеењето на правото најбрзо што е можно“, изјави Блок во Луксембург.

DW.COM

Реклама