1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Philip T. Reeker US State department
Фотографија: US Goverment

Рикер до ВМРО-ДПМНЕ: Помина времето на политички игри

ЖА
26 јули 2019

В.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија упати порака до опозицијата да биде конструктивна во носењето на новиот закон за Јавно обвинителство и да се применува владеењето на правото во С. Македонија.

https://p.dw.com/p/3MmCp

Филип Рикер на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, ја истакна натамошната поддршка на САД во македонските евроатлантски интеграции. Тој упати пораки за водење транспаретни истраги и очекување за конструктивна улога на опозицијата во носењето на новиот закон за Јавно обвинителство, со кој ќе се решава и идниот статус на СЈО, а чиј предлог тој го оцени како добра основа за негово донесување. ВМРО има забелешки и инсистира на свој предлог-закон.

Владеењето на правото е важно за македонската идина, „бидејќи јавноста очекува продолжување на истрагите, да се покаже дека владеењето на правото се применува и дека никој не е над законите“, истакна  американскиот дипломат.

В.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, кој освен разговорите со државно-владиниот врв на агендата има средба и со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека неговата порака до него ќе гласи:

„Како и во секоја вистинска демократија, опозицијата има клучна улога, но таа мора да биде конструктивна, а времето за политички игри и истакнување, и големи гестови како и играње со перспективите и идеите на граѓаните веќе е поминато”.

Повеќе:

СЈО меѓу напад и одбрана

Колку пораки испрати Катица Јанева?

Законот за ЈО - нова битка за 80 гласа

Рикер уште дополни дека САД имаат желба за соработка со сите политички партии во С. Македонија, но за таа да се оствари, како што подвлекоа претходно и американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео, мора да се видат разумни напори, законот за СЈО мора да се придвижи, а неговото усвојување сега ќе значи дека тоа нема да остане отворено прашање и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори со земјата наесен.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Nord-Mazedonien | Feierlichkeiten zum 151 Geburtstag von Goce Delcev (Goce Delchev)

Одбележување на роденденот на Гоце Делчев во тензии

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница