1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Путин–Виткоф: Нема пробив во разговорите за Украина

ЕМФ | агенции
3 декември 2025

Рускиот претседател Путин и американскиот специјален пратеник Виткоф разговараа пет часа за преработениот американски предлог за завршување на војната во Украина. Од перспектива на Кремљ - очигледно имало малку напредок.

https://p.dw.com/p/54fEh
Русија Москва 2025 | Рускиот претседател Владимир Путин, американскиот пратеник Стив Виткоф, Џеред Кушнер и Кирил Дмитријев во Кремљ
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот пратеник Стив Виткоф, заедно со Џеред Кушнер и Кирил Дмитријев, на средба во Москва разговараа за американскиот план за завршување на војната во УкраинаФотографија: Kristina Kormilitsyna/Sputnik/AP Photo/picture alliance

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за американскиот план за завршување на војната во Украина, не донел пробив.

Во однос на прашањето за териториите окупирани од Русија, кои сочинуваат околу 19 проценти од Украина, „сè уште не е најдено компромисно решение“, но „некои предлози на САД“ сепак би можеле „да се дискутираат“, изјави советникот на Кремљ, Јури Ушаков.

Пред средбата, Путин упати остри обвинувања кон Европа и изјави дека неговата земја е подготвена за војна со Европа во случај на напад.

„Сè уште е потребна многу работа“

Според Ушаков, преговорите биле „многу корисни и конструктивни“. Но, сè уште е потребна „многу работа во Вашингтон и Москва“ за да се постигне договор. „Успеавме да се согласиме за некои точки (...), други точки беа критикувани.“

На средбата, покрај Виткоф, учествувал и зетот и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џеред Кушнер. На преговарачката маса од руската страна седел уште еден советник на Кремљ, Кирил Дмитријев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер би можеле да отпатуваат за Брисел, за таму да се сретнат со украинска делегација, се наведува од владини кругови во Киев.

Рубио: „Одреден напредок“ во разговорите меѓу САД и Русија за Украина

Од американска страна се вели дека е постигнат извесен напредок во разговорите меѓу САД и Русија.

Американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио во интервју на телевизијата Фокс њус изјави: „Она што се обидовме – и мислам дека постигнавме одреден напредок – е да утврдиме со што Украинците би можеле да живеат, а тоа да им обезбеди гаранции за безбедност во иднина.“

Интервјуто беше емитувано неколку часа по средбата на Виткоф и Путин во Москва.