Путиновата објава на војна | Свет | DW | 22.02.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Путиновата објава на војна

Владетелот во Кремљ ја негира самостојноста на Украина и испраќа војници во Доњецк и во Луганск. Ако Европа не му се спротивстави во намерите, неизбежна е голема војна, смета Франк Хофман.

Во Доњецк се славеше признавањето на „Независната Народна Република“ од страна на Русија

Во Доњецк се славеше признавањето на „Независната Народна Република“ од страна на Русија

Сега сѐ се одвива многу брзо: руските трупи окупираат дел од втората по површина земја во Европа. Со официјални ознаки на униформата. Не прикриени, како што беа во последните осум години, или како анонимни „зелени луѓе“  тогаш на Крим. Не. Владимир Путин испраќа официјални трупи да окупираат независна европска држава која е членка на ОН - Украина.

Ова е уште едно прекршување на меѓународното право. Како и многу други претходно. Ова е прекршување на Меморандумот на КЕБС од Будимпешта од 1994 година, по кој Украина доброволно го предаде своето нуклеарно оружје. За возврат, потписниците Русија, Велика Британија и САД се обврзаа да го почитуваат суверенитетот и постојните граници на Украина.

Фактот дека новата руска инвазија на Украина го прекршува овој договор треба да биде повик за будење за широко распространето мислење, особено во Германија, дека тој, Путин, сепак не го мисли тоа така. Да, тој тоа го мисли токму така! Патем, активистите за граѓански права од поранешна Германска Демократска Република (ГДР) го сфаќаат ова токму онака како што е замислено: како објава на војна.

Не само соседна земја

Во понеделникот, Владимир Путин, лежерно облечен со крива вратоврска и двете раце на масата, со сета сериозност пред својот народ и пред Европа изјави: „Украина не е едноставно само соседна земја. Таа е составен дел од нашата историја, култура и духовен континуитет“.

Духовен континуитет? За неупатените, поентата е дека „Киевска Русија“, на која се повикува денешната националистичка Русија, го лоцира своето основачко-митско потекло во Лавра, пештерскиот манастир на Киев.

Во овој телевизиски говор, човекот во Кремљ целосно ја спушти маската. Ништо не остана од времето кога Владимир Путин ги воодушеви пратениците во германскиот Бундестаг и кога дури разбуди надежи дека е можна нова, модерна Русија. Вчеравечер, меѓутоа, во Кремљ седеше оној Владимир Путин, каков што веројатно секогаш бил: чекист, дете на неговата организација, КГБ.

Франк Хофман, автор на коментарот и дописник на ДВ од Киев

Франк Хофман, автор на коментарот и дописник на ДВ од Киев

Наскоро 70-годишниот поранешен агент, некогаш стациониран во Дрезден, седеше на темно кафеавата маса и ги креваше рацете за да означи наводници: „Благодарните потомци“, рече тој, „ги урнаа спомениците на Ленин во Украина. Тоа го нарекуваат декомунизација“.

Повеќе: Најавени санкции против Русија

Притоа мора да се знае дека по проевропската револуција на Мајдан во 2014 година, украинските националисти, како и активистите за граѓански права и уметници го користеа терминот „декомунизација“ во Украина за да го опишат нивниот пат „кон Европа“. Последново во едно темелно критичко преиспитување на процесот на иконоборство.

Во Киев и во многу други градови во Украина беше направено она што претходно беше направено во градовите на ГДР по падот на Берлинскиот ѕид: спомениците на Ленин беа урнати - како знак на промената. Проследено со критичко преиспитување на оваа постапка. Значи, процесот на отворено општество - живеел во постсоветска земја, Украина.

Тоа не му се допаѓа на чекистот во Кремљ, човекот кој Русија од годините на владеењето на Борис Елцин ја претвори во економска структура на олигархијата на КГБ заснована на нафта и на гас. Ова е разбирливо со оглед на едноставниот светоглед на Путин: човекот нема никаква врска со европското разбирање за соочувањето на политиката, културата и општествената рефлексија.

Стоп за злосторството на Путин

Со Портокаловата револуција од 2004 година, Украина тргна на пат одбележан од неуспеси. Во 2013 година започнаа протести на плоштадот Мајдан во Киев, како одговор на отфрлањето на Договорот за асоцијација со ЕУ од страна на тогашната украинска власт, предводена од проруски настроениот претседател Виктор Јанукович. Тој беше вториот постсоветски владетел на земјата кого Украинките и Украинците го соборија од власт.

Тие ќе го направат тоа повторно, затоа што знаат дека може да се направи.

Европа сега има шанса: да им стави крај на злосторствата на Путин или да сноси соодговорност во голема војна, која сè уште може да се избегне. Но, секое решение, кое би му дозволило на Путин со окупацијата на бунтовничките области Доњецк и Луганск да освои нови територии, го носи во себе семето на вистинската војна против Украина. И затоа не е решение.

Демократска Германија, како дел од Европската унија, притоа сноси најголема одговорност: затоа што токму германските војници во име на Хитлер прво ја нападнаа Полска, потоа Украина и Белорусија.

 

Поврзана содржина