Против Ким има само еден лек | Свет | DW | 18.09.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Против Ким има само еден лек

Ким Јонг Ун веројатно нема да има доверба во евентуален пакт за ненапаѓање. Затоа сите треба да испратат иста порака до Пјонгјанг. Коментар на Петер Штурм (ФАЦ).

Се разбира, на Северна Кореја би можело, на пример, да ѝ се понуди пакт за ненапаѓање. Но, проблемот е во тоа што Ким Јонг Ун не би му верувал на таков пакт. Нуклеарниот проблем ќе остане нерешен, зашто тој не би се откажал од нуклеарно оружје во замена за лист хартија. Министерот за надворешни работи Зигмар Габриел со право укажа на последиците од ова. Ќе стане уште потешко да се запре натамошното ширење на атомско оружје отколку што и онака веќе е.

Sturm Peter Kommentarbild App PROVISORISCH (FAZ)

Петер Штурм (ФАЦ)

Тука постои конкретна опасност од спирала на вооружување, за која СПД (германските социјалдемократи, н.з.) зборува во кампањата, но во друг контекст. Значи, ако во конфликтот со Северна Кореја она што е на дофат на раката не води кон целта, останува само едно - она за што Габриел исто така веќе зборуваше: единство на сите учесници во конфликтот во односот кон Пјонгјанг.

Кина, и не како последно Русија, од каде постојано доаѓаат амбивалентни изјави, на Ким мора да му стават недвосмислено јасно до знаење дека ќе се ослободи од цврстиот стег на санкциите тогаш, кога ќе се откаже од нуклеарно оружје. Колку е поголемо единството, толку подалеку е воената опција.

 

Реклама