1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД: Сенатот го отвора патот за крај на владината блокада

Тагесшау | ЕМФ
11 ноември 2025

Во САД се приближува – барем привремено – решение за застојот на владата. Американскиот Сенат го одобри привремениот буџет кој треба да обезбеди финансирање до крајот на јануари. Сега на ред е Претставничкиот дом.

https://p.dw.com/p/53POB
Сенатот го одобри буџетот до крајот на јануари | Капитол како седиште на Конгресот на САД
Американскиот Сенат одобри привремен буџет за крај на владината блокадаФотографија: Mark Schiefelbein/AP/dpa/picture alliance

Американскиот Сенат го отвори патот за завршување на рекордно долгиот владин застој во САД. Вчеравечер (10.11) 60 сенатори гласаа „за“ привремениот буџет, додека 40 беа против. Буџетот треба да обезбеди финансирање на владините активности барем до крајот на јануари.

Предлог-законот сега се префрла во Претставничкиот дом, кој би можел да гласа за него веќе во среда, за потоа да го проследи до претседателот Доналд Трамп. Трамп го оцени компромисот како „многу добар“ и изјави дека буџетската блокада ќе биде „многу брзо“ укината.

Здравствената заштита – главна точка на спор

По недели на застој, умерените демократи во Сенатот вчера се согласија повторно да го финансираат владиниот апарат, иако републиканците сè уште не го исполнуваат нивното главно барање: продолжување на даночните олеснувања кои им овозможија на милиони Американци да си дозволат здравствено осигурување. Демократите добија само ветување за гласање по ова прашање во Сенатот – со неизвесен исход. Освен тоа, за ова треба да гласа и Претставничкиот дом, а таму засега нема ветување за гласање за субвенциите кои истекуваат на крајот од годината.

Најдолгиот застој во историјата на САД

Блокадата на буџетот трае од 1 октомври. Тоа е најдолгиот застој во историјата на САД. Главната точка на спор е здравствената заштита. Стотици илјади вработени во федералните агенции не добиваат плата поради блокадата. Многу јавни услуги се укинати или намалени. Откажани се и голем број летови, а погодени се до 1,2 милиони патници. Програмата за помош со храна СНАП, која ја користат 42 милиони граѓани во нужда, е суспендирана. Компромисот постигнат во Сенатот треба да овозможи повторно активирање на програмата. Покрај тоа, би се поништиле отказите за илјадници федерални службеници.