Порошенко го потпиша воениот закон | Свет | DW | 28.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Порошенко го потпиша воениот закон

Украинскиот претседател Петро Порошенко поради конфликтот со Русија во Црното Море стави потпис на воениот закон.

Информацијата за потпишаниот воен закон ја објави портпарол на украинскиот претседател на Фејсбук.

Украинскиот парламент во понеделникот по барање на Порошенко одлучи да воведе 30-дневен воен закон во пограничните региони и на крајбрежјето. Вчера украинскиот претседател предупреди од опасноста од голема војна помеѓу Украина и Русија. Тој ја обвини Русија дека распоредува трупи на границата.

Повеќе:

Демонстрација на сила во Азовското Море

Кримски конфликт: Што може да стори Германија?

Кризата помеѓу Русија и Украина почна во неделата, со конфронтација во Црното Море. Руската крајбрежна стража погоди три украински воени бродови во Керчкиот проток. Притоа беа повредени повеќе припадници на украинската воена морнарица. Уапсени беа 24 членови на екипажите на бродовите, а дванаесетмина со одлука на судот во Крим се ставени во притвор.

Russland Konflikt Krim Ukraine | inhaftierter ukrainischer Soldat in Simferopol (picture alliance/dpa/TASS/A. Pavlishak)

На 12 припадници на украинската морнарица им е одреден притвор

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека носењето воен закон е претерана реакција на Украина на воениот инцидент во Црното Море. Не се работи за ништо друго, освен за пограничен инцидент, изјави Путин за време на еден финансиски форум во Москва. Тој го обвини Порошенко дека инсценирал провокација на морнарицата во Црното Море за да си го зголеми рејтингот пред изборите наредната година. Путин тврди дека украинските бродови се нашле илегално во руски територијални води. Украина тоа го демантира.

DW.COM

Реклама