Поддршка за Трамп на неочекувани места | Свет | DW | 23.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поддршка за Трамп на неочекувани места

Бел, маж, Американец - вака гласи стереотипот за просечниот симпатизер на Трамп, но тоа не се неговите единствени поддржувачи. Меѓу оние кои ќе гласаат за Трамп има и студенти, жени и припадници на етничките малцинства.

Застрашувачкиот подем на Трамп кон претседателски кандидат на Републиканската партија предизвика неверување кај многумина набљудувачи и аналитичари. Како аспирантот со мали изгледи за номинација, успеа да ги придобие американските гласачи?

Во САД и во странство многумина ја преиспитуваат проценката на гласачите. Истражувањата и анкетите спроведени во изминатиот период покажуваат дека јадрото на подржувачите на Трамп се бели мажи со понизок степен на образование и со ниски примања.

Сепак, пораките на Трамп наидоа на добар прием кај граѓаните од различни демографски групи, меѓу нив вклучувајќи и подрржувачи кои никој не би ги очекувал, пред се студенти, жени, Афроамериканци, Латиноамериканци и муслимани.

Едноставни решенија

Долорес Њусуан е една од нив. На прв поглед, таа по сѐ се разликува од просечниот поддржувач на Трамп. Њусуан работи како консултант и ги застапува малите бизниси водени од жени Афроамериканки и Латиноамериканки на Капитол Хил, каде што се фокусира на наоѓање на извори на финансирање и креирање на нова даночна стратегија. Како горда Афроамериканка таа е политички активна од тинејџерските години и се идентификува како Републиканка.

Овој период таа е член на групата „Жени за Трамп“ и не е единствена од нејзиното семејство која го подржува. Нејзиниот сопруг кој е Латиноамериканец исто така ќе гласа за него.

„Врвот на Републиканската партија имаше доволно време и пари и не успеаа“, изјави Њусуан за ДВ. Таа сега го поддржува Трамп затоа што сака да види промени во Вашингтон и верува дека тој е единствениот кој е способен да го направи тоа што е „добро за Америка“.

Ова размислување го делат многумина гласачи со различни профили кои го подржуваат 70 годишниот магнат. Тие велат дека им е преку глава од политичари кои се загрижени само дали ќе бидат реизбрани.

Како политички аутсајдер, Трамп брзо го пополни „политичкиот вакум“. Како човек кој не се врзува за правилата и обичаите на политичката сцена, тој брзо се одвои себеси од конкуренцијата. И за разлика од другите политичари тој нуди брзи решенија за актуелните проблеми. Мнозинството гласачи не ја гледаат сложеноста на проблемите кога ги оценуваат кандидатите.

„Ним им се допаѓаат неговите разумни решенија. Луѓето мислат дека политичарите ги комплицираат работите, но не и Трамп“, изјави Џејсон Мекданиел, политолог кој го истражува однесувањето на гласачите на државниот универзитет во Сан Франциско. Овие фактори го проширија дофатот на Трамп над неговата основна база на поддржувачи, со што допре и до мала група на жени, Афроамериканци и Латиноамериканци, ни раскажува Мекданиел.

Според истражувањето спроведено од РАНД (RAND) кое ги следи ставовите на гласачите низ различни временски периоди, се покажува дека пораките на Трамп се насочени кон оние кои се чувствуваат дека немаат глас во власта, изјави Мајкл Полард во интервју за ДВ.

Неговиот слоган „Да ја направиме Америка повторно добра и да ги ставиме Американците на прво место“ резонира кај многумина гласачи независно од нивната позадина. Со оваа порака се поистоветува и Њусуан која за ДВ изјави дека е време „Американците да ја добијат својата правда“. Тоа се однесува на оние кои се чувствуваат отфрлени „во гетата, во камп парковите и во населбите со Латиноамериканци“, а кои се родени во земјата и кои таму живеат легално.

Неопходен ѕид

Њусуан ги игнорира контроверзните ставови на Трамп кои им се одбивни на голем број гласачи од различни социјални групи. Сепак, дел од членовите и на овие групи не се под влијание на ваквите ставови.

Mexiko Ciudad Juárez

Хуарез, на границата меѓу Мексико и САД.

Тие исто така веруваат дека неговата намера да изгради ѕид на јужната граница со Мексико и да го забрани влезот за муслиманите во САД кои не потекнуваат од земјата се неопходни за да се зачува безбедноста. На гласачите им се допаѓа неговиот бескомпромисен став за домашната безбедност и одбрана бидејќи сугерира силно лидерство.

На прашањето дали Трамп е расист, Франциско Семиао ни одговори дека не се согласува и ги обвини медиумите дека се обидуваат го претстават во лошо светло. „Тој не е против Латиноамериканците, тој има само разумен став кон имиграцијата“, изјави за ДВ. Франциско Семиао е полу Латиноамериканец и половина Португалец, а самиот има силна поврзаност со овие заедници во родниот Вашингтон. Иако ги разбира луѓето од централна Америка кои се обидуваат да ја поминат границата во потрага по подобар живот, тој сепак смета дека тие го кршат законот.

Семиао пораснал во сиромашно семејство, но завршил факултет и денес, на 46 години, заработува за комфорен живот, работејќи во секторот на здравствен менаџмент. На многу начини, тој го живее Американскиот сон. Доналд Трамп е неговиот избор за претседател, иако во 2008 година гласал за Барак Обама, а четири години подоцна за Мит Ромни. Франциско го цени неговото менаџерско искуство во бизнисот и неговото знаење за економијата.

Адвокатката Саба Ахмед исто така смета дека искуството на Доналд Трамп може да помогне да се надминат економските предизвици. 31-годишната Саба како дете се преселила во Орегон од Пакистан, а денес ја води Републиканската Муслиманска Коалиција и води кампања за поддршка на Трамп. Таа е критична кон политиките кои можат им наштетат на муслманите, а кога ја прашавме за нејзиното мислење за ставовите на Трамп за муслиманите и жените, таа ни изјави дека ниеден кандидат не е совршен и дека во последно време тој ја стивнал таквата реторика.

Гледај видео 00:38
Now live
00:38 минути

Трамп и официјално претседателски кандидат

Соочување со навреди

Често поддржувачите на Доналд Трамп добиваат навреди. Сара Хагмајер, студент од Њу Џерси изјави за ДВ дека е потребна храброст наоколу да шета со маица Трамп, иако вербалните напади само ја зацврстиле нејзината решеност да го поддржи. Таа води група за поддршка на Трамп која се обраќа на студентите низ целата земја. Њусуан додава дека поддржувачите како неа често се исмевани, но успева да се носи со сите напади.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама