Повторно закана од хаотичен Брегзит | Свет | DW | 10.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Повторно закана од хаотичен Брегзит

Шефовите на држави или влади на ЕУ денеска на вонреден самит ќе одлучуваат за натамошно одложување на Брегзит. Доколку не го сторат тоа, повеќемесечните напори за избегнување тврд Брегзит ќе бидат попусти.

Се одбројуваат часови до хаотичен Брегзит. Тоа веќе ни е познато. Кратко пред првично предвидениот излез на Велика Британија од ЕУ, на 29 март, часовникот беше запрен и поместен на 12 април. Доколку не се постигне согласност со ЕУ за одлагање, Велика Британија во петок ќе излезе од Унијата без договор. Но, за шефовите на држави или влади на ЕУ да дадат согласност за одлагање, ќе треба да знаат со каква цел е одложувањето. Едноставно така, без британски план, тие нема да дадат зелено светло за одлагање. Доколку само една држава вложи вето, нема да има ниту согласност.

Состојбата е заглавена со месеци. Тврд Брегзит не сакаат ниту британската премиерка Тереза Меј ниту мнозинството пратеници во Долниот дом на британскиот парламент, а особено не 27-те влади на другите земји на ЕУ. Затоа, уште на крајот на минатата година во Брисел беше постигнат договор помеѓу Брисел и британската влада. Но, Долниот дом на британскиот парламент три пати го отфрли договорот. Меј во меѓувреме се обидува да најде решение со опозициската Лабуристичка партија, но тие напори досега не вродија со плод. Наместо тоа, сега се бунтува десното крило на нејзината Конзервативна партија.

Повеќе:

Брегзит: И каде е планот?

Брегзит: Лондончани со страв гледаат кон иднината

Поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека трајна царинска унија со ЕУ, која е една од можносите кои ги разгледувале Меј и шефот на Лабуристите, Џереми Корбин, ќе ја претвори Велика Британија во „роб“. Џонсон само чека шанса да ја наследи Меј на лидерската функција во партијата и на премиерската позиција. Во таков случај и ЕУ би имала работа со непоколеблив брегзитер. На страната на Лабуристите многу пратеници бараат Корбин да ја услови соработката со конзервативците со одржување втор референдум за Брегзит. Но, ниту Корбин ниту Меј не сакаат повторно гласање. Тие се чувствуваат обврзани кон резултатите од гласањето во 2016 година, кога 52% од Британците се изјаснија за Брегзит, а 48% беа против.

Deutschland Merkel empfängt May (picture-alliance/dpa/M. Kappeler)

Меркел е сѐ уште трпелива со Британците

Мека Меркел, цврст Макрон

Под таков притисок, Меј побара натамошно одлагање на Брегзит, по изборите за Европскиот парламент, на кои Британците во таков случај би морале да учествуваат. Тоа би било проблематично. Многумина во ЕУ стравуваат дека во таков случај е можно да дојде до одмаздничко, односно протестно гласање на многу избирачи во Велика Британија кои сакаат да излезат од ЕУ, како и дека избирачите кои со наклонетост гледаат кон ЕУ не би знаеле зошто воопшто би гласале, кога нивната земја и онака сака да ја напушти Унијата. Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, дури предложи разводот на Брисел и Лондон да се одложи за период до една година.

Frankreich Präsident Macron trifft britische Premierministerin Theresa May (AFP/M. Bureau)

Макрон има тврд став и сака да знае зошто би го дал својот глас за одлагање на Брегзит

Меј, непосредно пред одржувањето на денешниот вонреден самит, уште еднаш беше во посета на двата најважни европски партнера, германската канцеларка Ангеа Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. Рекациите на двајцата беа многу различни реакции. Меркел, како и претходно, е ангелски трпелива со Британците и сака да стори сѐ за да се спречи тврд Брегзит. Макрон, пак, има тврд став и сака да знае зошто би го дал својот глас за одлагање на Брегзитот. Тој сака да види план и да спречи Велика Британија во преостанатото време како членка на Унијата да може да влијае врз важни аспекти на ЕУ, како новиот состав на Еврпопската комисија, аграрната политика или пак буџетот за наредните години.

DW.COM

Реклама