1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Mazedonien Holocaust-Denkmalzentrum für die Juden
Фотографија: DW/K. Delimitov

Пендаровски: Не смее да се негира вистината за Холокаустот

ДТЗ
11 март 2022

Оваа трагедија ќе остане засекогаш запаметена, а сеќавањата на жртвите секогаш ќе повикуваат да не се заборави.

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%85%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%83%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%82/a-61103263

„Историјата нè учи дека во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите и поранливите. И не само за антисемитизмот, туку и за сите други форми на омраза кон различните што се шират низ социјалните мрежи и медиуми насекаде во светот. Мора да се спротивставиме на секој обид за ревизионизам и негирање на вистината за Холокаустот, но и на секоја форма на омраза кон различните од нас“, порача македонскиот претседател, Стево Пендаровски, во обраќањето на комеморативната вечер за одбележување на 11 март 1943 година, денот кога 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип беа депортирани во логорот на смртта Треблинка.

На 11 март, се навршуваат 79 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка. Пендаровски вели со векови Евреите биле неразделен  дел од македонскиот етнички, верски, јазичен и културен мозаик. Како почитувани еснафи, лекари, уметници и духовници придонеле за развој на општествениот, економскиот и културниот живот. Евреите заедно со македонскиот народ ги споделувале и неговите стремежи и неговите жртви во борбата за слободна држава.

Nord-Mazedonien Ausnahmezustand wegen Coronavirus ausgerufen | Stevo Pendarovski
Историјата нè учи дека во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите и поранливите, вели Стево Пендаровски. Фотографија: Büro des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Сето тоа запрело на 11 март 1943 година. Статистиките се запрепастувачки. Од околу 24.000 македонски жртви во Втората светска војна речиси една третина биле Евреи. Поточно, 7.144 мажи, жени и деца кои биле насилно собрани во Скопскиот Монопол и депортирани во логорот на смртта. Тие претставувале 98% од вкупната македонска Еврејска заедница.

„Особено горди сме на нашите сограѓани Евреи, затоа што тие сите нас нè потсетуваат на конечната победа на животот над уништувањето, и на сеќавањето над заборавот. Затоа, ние одбираме да се сеќаваме, за да не се повтори“, порача Пендаровски.

Владина делегација денеска положи цвеќе пред Споменикот на депортирани македонски Евреи, во поранешниот скопски Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи на Градските гробишта Бутел.Пред спомен обележјата на Холокаустот, уште еднаш беа испратени пораките дека оваа трагедија ќе остане засекогаш запаметена, а сеќавањата на жртвите секогаш ќе повикуваат да не се заборави. 

„Марш на живите“ во Скопје

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на владата на Република Северна Македонија

Инаетот како главен енергенс

Mazedonien DW-Korrespondentin aus Skopje, Katerina Blazevska
Катерина Блажевска
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница