1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nordmazedonien | Proteste EU Beitrittsverhandlungen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Протести: „Нема компромис, Македонија е се што имаме“

ДТЗ
11 јули 2022

„Време е македонскиот народ да го крене својот глас и да каже „НЕ“ за разнебитувањето на Македонија, „НЕ“ за македонскиот јазик да биде нечиј дијалект“, порачаа говорниците пред Собранието

https://www.dw.com/mk/%D0%BE%D1%81%D0%BC%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%B5/a-62436810

Со огромен транспарент „Ултиматум НЕ благодарам“, со пораки „Никогаш Северна, само Македонија“ и со барање за оставка на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Скопје по осми пат се одржаа протести против францускиот предлог, предводени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Демонстрантите придружувани од полициски кордон тргнаа од Владата, по што се упатија до Министерството за правда и завршија пред македонското Собрание. Учесниците на маршот, виорејќи го државното знаме и сонцето од Вергина, пред парламентот ја испеаја македонската химна. 

„Време е македонскиот народ да го крене својот глас и да каже „НЕ“ за разнебитување на Македонија, „НЕ“ за македонскиот јазик да биде нечиј дијалект“, порачаа говорниците пред Собранието, повикувајќи на национално обединување на сите граѓани, не само во земјата, туку и на сите Македонци во светот. 

Протести Скопје Северна Македонија
Протести против францускиот предлог во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Тие ги повикаа граѓаните, без оглед на нивната етничка припадност да излезат во што поголем број на протестите „затоа што работата е дојдена сега или никогаш“. „ Гласот на македонскиот народ е најгласен и тоа е гласот којшто ќе победи. Македонија нема цена и тука нема компромис. Одиме до крај оти Македонија е се што имаме“, порачаа учесниците на протестот., којшто се одржа во мирна атмосфера.

Протестите минатата недела излегоа од контрола, по што се случија инциденти пред Собранието и во Старата скопска чаршија. Полицијата приведеповеќе лица кои со молотови коктели фрлаа кон полицијата и Собранието, а уапси и неколкумина кои носеа оружје, од кои еден пукаше кај споменикот на Скендербег.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, информираше дека вкупно 54 полицајци се повредени за време на протестите против францускиот предлог.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на владата на Република Северна Македонија

Инаетот како главен енергенс

Mazedonien DW-Korrespondentin aus Skopje, Katerina Blazevska
Катерина Блажевска
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница