Орбан најави втора ограда за одбрана од бегалците | Свет | DW | 26.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Орбан најави втора ограда за одбрана од бегалците

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска најави изградба на втора ограда за одбрана од бегалците кои се движат по Балканската рута. Таа треба да биде поробустна од постоечката.

„Граница не може да се брани со цвеќиња и плишени играчки, туку со полицајци, војници и оружје“, изјави денеска унграскиот премиер Виктор Орбан, најавувајќи изградба на втора ограда на границата долга 175 километри. „Техничките планови се во подготовка, актуелната ограда ќе биде дополнета со посериозен технички систем. Тој би требало ако е неопходно да сопре наеднаш и стотици илјади луѓе“, рече Орбан за државното радио.

Пред неколку дена Орбан во едно интервју рече дека Унгарија би морало да биде подготвена во случај Анкара да ги оствари „заканите“ дека повторно ќе ги пушти бегалците непречено да продолжуваат во насока на ЕУ. „Унгарските граници се порти кон Европа и ние ќе ги браниме стопроцентно“, рече притоа Орбан.

Grenze Ungarn - Serbien - Flüchtlinge

Втората ограда би требало да е поробустна

Минатата година повеќе од 400.000 бегалци минаа низ Унгарија на својот пат кон северозападна Европа, пред сѐ кон Германија. Потоа Орбан даде налог за ставање ограда на границите. Годинава во Унгарија пристигнаа само 18.000 бегалци.

Орбан и неговите колеги од земјите членки на Вишеградската група (покрај Унгарија, тука се Чешка, Словачка и Полска) денеска во Варшава имаат средба со германската канцеларка Ангела Меркел. На европска сцена унгарскиот премиер е противник на политиката кон бегалците на германската канцеларка. „Бирократите во Брисел сакаат да ги пуштат бегалците и да ги распоредуваат по земјите членки (на ЕУ, н.з.)“, изјави Орбан. Вишеградската група е против такво нешто. „Прашањето е на која страна ќе се стави Ангела Меркел“, додаде Орбан.

Гледај видео 00:56
Now live
00:56 минути

Исчекување во Келебија

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама