„Орбанизација“ на Австрија? | Свет | DW | 16.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Орбанизација“ на Австрија?

Победникот на изборите, Себастијан Курц уште нема одлучено со кого ќе коалицира. Би требало добро да размисли, зашто сега веќе не води кампања, туку треба да биде државник, смета новинарот на ДВ, Бернд Ригерт.

Бившиот министер за надворешни работи на Чешка, Карел Шварценберг, инаку мудар Европеец, стравува дека Австрија ја очекува „орбанизација“. Шварценберг смета дека со формирање сосем десна коалиција, низ земјата ќе протатне националистички бран, кој, исто како и во Унгарија под премиерот Виктор Орбан, може да води кон целосно преуредување на државата.

Ако младиот, но во игрите на моќта многу добро изверзираниот Себастијан Курц легне во коалициона постела со десно-популистичката Слободарска партија на Ханјц Кристијан Штрахе, тогаш миграциската политика, внатрешната безбадност, но и структуралните прашања ќе добијат нов, веројатно и спорен правец.

Курц и Штрахе се согласни дека барателите на азил и мигрантите треба да бидат држени подалеку од Австрија, првенствено со затворени граници. Повеќе депортации и собирни кампови за мигрантите во Африка или на ненаселени острови - тоа се делумно налудничавите предлози со кои Курц го придоби гласачкото тело.

Бројот на баратели на азил во Австрија опаѓа. Најмногу доселеници има од државите на ЕУ. Наспроти тоа, расте стравот од наводна поплава на странци кои ќе ја променат Австрија. На тој страв Народната партија на Австрија и десничарите дојаваа до изборната победа. „Партијата на татковината“, Слободарската партија, беше најсилна во оние делови од земјата каде живеат најмалку странци и дојденци. Истиот феномен го сретнавме и во источна Германија, каде десно-популистичката Алтернатива за Германија беше посебно успешна. 

Riegert Bernd Kommentarbild App

Бернд Ригерт

Ветар во едрата на десните популисти во Европа

Дури и Социјалдемократската партија на Австрија скокна во истиот воз, но предоцна за да освои гласови. Курц и Штрахе сакаат да дозволат повеќе директна демократија во форма на референдуми. Тоа може да води кон изјаснувања околу еврото и Европската унија, која партијата на Штрахе порано сакаше да ја напушти.

Учеството на десничарските популисти во австриската влада непотребно би го зајакнало десничарскиот фронт во Европа, од Финска, преку Унгарија до Италија и Грција. Нјадраги пријатели на Штрахе се француските националисти и руската влада.

Сето тоа не го потресува многу веројатниот канцелар Курц. Тој верува дека неговите сонародници имаат помали проблеми со Слободарската партија отколку со продолжувањето на „големата коалција“ со социјалдемократите, која не би била веќе толку голема. Таа коалиција на двете традиционални партии во очите на многу граѓани е синоним за мртвило.

ЕУ би имала тешкотии

За партнерите во ЕУ, прво за германската канцеларка Ангела Меркел, новиот канцелар на соседната Алпска република ќе биде незгоден колега. Курц се гордее зашто со брзото затворање на Балканската рута ја принуди гераманската канцеларка да ја промени својата бегалска политика. Во иднина би можел да следи националистички курс, да се приклучи кон Вишеградската група во која се Полска, Унгарија, Чешка и Словачка. Така би била зајакната оваа неофицијална опозиција контра Брисел, која не сака наводни лекции од Германија.

Постапките против спорните случувања и потези во Унгарија или Полска во ЕУ ќе поминуваат потешко со Курц како австриски канцелар. И односот на ЕУ со Русија, на притисок од Австрија, веројатно ќе треба да се менува. Курц, но пред сѐ неговиот потенцијален коалициски партнер Штрахе, се залагаат за прекин на европските санкции против Москва. Австрија е исклучително заинтересирана за бизнис со Русија, пред сѐ во енергетскиот сектор.

Тиркизно-сината влада на конзервативците и популистите би бил опасен експеримент за Австрија, но и за ЕУ. Сега не вредат забелешките дека Слободарската партија и онака веќе двапати беше во владата, еднаш со социјалдемократите, еднаш со конзервативците. Денешната Слободарска партија е суштински поинаква. Штрахе се залага за строга национална изолација. Но, Австријците го сакаа тоа.

Важи ли уште историскиот слоган u Felix Austria (Среќна Австрија), кој порано стоеше на кралскиот грб? Останува недежта дека Себастијан Курц ќе донесе вистинска одлука и сепак ќе склучи коалиција со новото партиско раководство на социјалдемократите.

 

DW.COM

Реклама