Облак врз македонско-бугарските односи, Османи вели дека преговорите мора да продолжат | Северна Македонија | DW | 19.04.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Облак врз македонско-бугарските односи, Османи вели дека преговорите мора да продолжат

Последните случувања со отворањето клуб на здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола ставија дамка на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но земјата не смее да потпадне на провокациите, вели шефот на дипломатијата.

Последните случувања со отворањето клуб на здружението „Ванчо Михајлов“во Битола ставија дамка на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но земјата не смее да потпадне на провокациите. Разговорите мора да продолжат за да се отвори патот на европските интеграции на земјата, која не смее да го испушти возот во кој се наоѓа заедно со Албанија. Ова е пораката на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, кој на прес-конференција во Скопје одговараше на бројни прашања поврзани со најновите бугарски провокации коишто беа испратени на македонска територија.

„Еден облак е спуштен на сето она што се обидовме изминативе шест месеци да го направиме и да го разбистриме воздухот пред нас. Но, не можам да дозволам ова да го наруши процесот. Не можам да влезам во дефетизам и да кажам - доста е, прекинуваме со разговори. Оти, по извесно време ќе мораме пак да седнеме да разговараме“, вели Османи. 

Некој провоцирал - друг смирувал

Тој е дециден дека на свеченоста во Битола присуствувале луѓе со различни намери - некои за да провоцираат, но и други за да ја смират топката. Токму таква била улогата на бугарскиот премиер, Кирил Петков, кој како дел од бугарската делегација, според Османи, бил присутен во Битола со цел да не се дозволи овој настан целосно да ги киднапира односите. 

Македонската делегација не присуствуваше на настанот, со што, според Османи, јасно е ставено до знаење дека не се согласуваат со името на клубот и не даваат поддршка на тоа, а од друга страна не оставиле простор за бугарската страна да има алиби дека земјата не ги почитува човековите права и дека е против организирањето на заедниците во земјата.

-повеќе на темата: Писмо на „Иван Михајлов“ за нови судири меѓу Скопје и Софија

„Провокација е името на клубот, не неговото отворање. Спорно е името 'Ванчо Михајлов' - доколку не беше тоа и ние ќе бевме дел од делегацијата“, вели Османи, оценувајќи дека станува збор за „несреќен избор на име на тој клуб“. 

Важно, според него, е што и покрај сите провокации, земјата успеала да го зачува имиџот пред меѓународната заедница и пред светот, а бугарската страна е таа којашто сега треба да објаснува и пред еврејските заедници и пред сите коишто реагираат, какви личности поддржуваат и почитуваат“.

Кој е победник, а кој губитник?

Османи е дециден дека земјата е победник, а не губитник во оваа ситуација. „Ги проценивме и ги анализиравме сите опции и варијанти. Донесовме одлука која што сметавме дека е во интерес на државата - да не бидеме таму за да дадеме порака дека не е добро, но во исто време да не спречиме посета на бугарска делегација во РСМ, бидејќи тоа ќе беше погрешно. Ние излеговме победници од ова што се случи, наративот дека не почитуваме човекови права не поминува“, вели шефот на македонската дипломатија. 

„Она што дипломатијата не можеше да го објасни со месеци, сега за еден час излезе на виделина. Сега сѐ е појасно, Бугарија треба сега да објасни зошто ликот како Ванчо Михајлов им е важен. Ние нема да ги нарушиме нашите шанси за европската иднина. Мора да продолжиме со преговори, не смееме да изгубиме уште 10 години ако ги прекинеме преговорите“, порача Османи. 

Поврзана содржина