Нов неуспех за законите за доселување на Трамп | Свет | DW | 10.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Нов неуспех за законите за доселување на Трамп

Американскиот претседател имаше намера да го укине статусот на заштита за мигрантите кои како деца илегално дошле во САД. Судот во Сан Франциско ваквата одлука на Трамп ја прогласи за неважечка.

Американскиот сојузен судија Вилијам Алсап ја блокираше одлуката на претседателот Доналд Трамп за ставање крај на програмата за заштита на младите доселеници од протерување. Владата засега мора да го остави во сила т.н. ДАЦА-декрет (Deferred Action for Childhood Arrivals), побара судијата во својата одлука напишана на 49 страници.

Повеќе:

Трамп ги уништува соништата на „сонувачите“

Трамп во септември стави крај на програмата за заштита на млaдите мигранти. Програмата донесена во мандатот на Барак Обама им овозможува на околу 700.000 луѓе кои во САД дошле илегално на детска возраст да останат во земјата легално и да добијат можност за работа. Според Трамп, Конгресот требаше до 5 март 2018 година да најде законско решение за ваквите доселеници или во спротивно тие ќе го загубат својот статус. Против одлуката на Трамп, меѓу другите, жалба поднесе и сојузната држава Калифорнија. Ваквиот чекор на американскиот претседател остро го критикуваа и американските концерни. За овие доселеници, т.н. „сонувачи“, САД се често единствената земја која тие ја нарекуваат свој дом. Протерување за нив би значело почеток во за нив прилично нова земја.

Декретот ДАЦА во моментов е тема и во Конгресот. Демократите и републиканците спорат околу иднината на политиката на доселување. Вчера врвни претставници на двете партии имаа средба со Трамп за да преговараат за можните мерки. Претседателот притоа повтори дека има намера планираната изградба на ѕид на границата со Мексико да ја комбинира со договор за младите мигранти.

DW.COM

Реклама