1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: Reuters/RIA Novosti/Kremlin/A. Druzhinin

Нема сојуз меѓу Москва и САД во Сирија

Инго Мантојфел Превод:СН
21 октомври 2015

Путин го пречека Асад во Кремљ, а САД и Русија се договорија за директни воени консултации за акциите во Сирија. Војната во Сирија поради тоа ќе ескалира, смета Инго Мантојфел.

https://p.dw.com/p/1Gs4A

Речиси истовремено се појавија вестите дека САД и Русија се договорија за директна воена консултација на терен за да се избегнат инцидентите во воздушниот простор над Сирија, но и оти рускиот претседател Владимир Путин го дочекува во Москва сирискиот властодржец Башар ал Асад. Дали е тоа почеток на руско-американска коалиција во сирискиот конфликт? Дали со тоа на повидок е решение, а со тоа и крај на бегалската криза која е огромен предизвик за Европа, но пред се’ за Германија? Во никој случај!

Руската политика на моќ

Имено, ни Русија ниту САД немаат приоритетен интерес да се заврши бегалската криза во Европа. И за едната и за другата земја станува збор за политичка моќ, како и за зачувување на националните интереси на Блискиот Исток. На внатрешно-политички план, Кремљ сака да инсценира успешна воена интервенција во Сирија и со тоа да го одвлече вниманието од економската криза. Во тој смисол, борбата против „Исламската држава“ во Сирија го заменува со пропагандната слика на непријателот како „фашистите во Украина“.

Надворешно-политички гледано, станува збор за руското влијание на Блискиот Исток и Кремљ се одлучи да го сочува Асад на власт по секоја цена. Асад за првпат од 2011. година патува во странство и тоа кај Путин во Москва. Тоа е јасен сигнал за таквата руска политика. Наивен е секој оној кој смета оти Путин ќе се откаже од Асад.

Ingo Mannteufel
Инго Мантојфел, ДВФотографија: DW

Меѓутоа, руската блискоисточна политика не го опфаќа само односот кон Асад. Москва фактички се приклучи кон шиитската оска (Иран, Ирак, Асадовата Сирија, Хезболах во Либан), и тоа против сунитските сили во регионот кои ги претставуваат земјите од Персискиот Залив и делови од Ирак и од Сирија кои ги контролира ИД.

Погрешно толкување на американската политика

Не само руската, туку и американската политика на Блискиот Исток повеќекратно е погрешно протолкувана. Повикувајќи се на традицијата од претходните децении често се сметаше дека САД во регионот секогаш силно воено ќе се ангажира.

Меѓутоа, американската политика под претседателот Обама, поради фијаското со интервенционистичката политика во Авганистан, Ирак, па дел и во Либија, повлече линија и под силната внатрешнополитичка критика ја ревидираше блискоисточната политика. Вашингтон, имено, се концентрира на најважните национални интереси, значи на безбедноста на Израел и спречување на атомско вооружување на Иран, што со историскиот договор летово и се случи.

За разлика од поранешните времиња, за САД не се толку важни ни Ирак, чие државно раководство ионака повеќе го следи Техеран отколку Вашингтон, но ни Саудиска Арабија. На основите на револуцијата на добивање нафта од шкрилци, Американците за првпат од нафтената криза од 70-тите години од минатиот век, се во состојба сами да ги задоволат своите енергетски потреби. Сето тоа е основа за воздржаната блискоисточна политика на Обама, а не негово наводно колебање или негова слабост.

Поради тоа не може да се смета ни на руско-американски сојуз во Сирија. Зошто Американците би и’ направиле таква услуга на Русија? Многу е поверојатно оти би требало да се смета на натамошно намалување на американско ангажирање во Сирија.

Значи, поверојатно е дека САД ќе се држи настрана, додека Русија ќе биде вовлечена во шиитско-сунитската верска војна со неизвесен исход. Москва ќе мора да внимава да не ги повтори американските искуства од регионот. За Европа сето ова ќе значи дека бегалската криза, поради воената ескалација, и натаму ќе се заострува.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Турција земјотрес

Зошто беше толку смртоносен земјотресот во Турција?

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница