На Самитот во Софија му се заканува дебакл поради Косово | Информации и анализи за Балкан | DW | 08.05.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

На Самитот во Софија му се заканува дебакл поради Косово

ЕУ се обидува со дипломатски финеси да спречи фијаско на самитот за Западниот Балкан, кој следната недела треба да се одржи во Софија. Во моментов, сите сигнали упатуваат на можна конфронтација, јавува агенцијата ДПА.

Кавгата околу статусот на Косово ги засенува подготовките за самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела. Проблемот е во тоа што пет земји-членки на ЕУ не ја признаваат еднострано прогласената независност на Косово во 2008 година и сакаат тоа јасно да го стават до знаење и на самитот во Софија. Ништо не смее да биде интерпретирано на начин кој би укажувал дека независноста на Косово е општо прифатена.

За да го истурка самитот според првичниот план, ЕУ сега се обидува да го реши проблемот со дипломатски акробации. Па така, во завршната декларација од состанокот ќе треба да се говори за „партнери од

Spanien Pressekonferenz von Mariano Rajoy

Шпанскиот премиер Мариано Рахој ќе го бојкотира самитот во Софија

Западниот Балкан“, а не за „држави од Западниот Балкан“, дознава германската агенција ДПА од извори во ЕУ. Дополнително, местата одредени за шефовите на влади и држави ќе бидат одбележани со нивните лични имиња, а не со имињата на државите кои ги претставуваат.

Со ваквите решенија, организаторите се надеваат дека ќе успеат да го спречат најавениот бојкот на земјите како Грција, Романија, Кипар и Словачка кои не ја признаваат независноста на Косово. Шпанскиот премиер Мануел Рахој, според најавите на дипломати, веќе решил да не учествува на самитот. Во Мадрид велат дека Рахој не сака да дозволи да биде фотографиран во близина на косовскиот претседател поради проблемите со сепаратистичкото движење во Каталонија.

Bulgarien Parlament

Не се очекуваат конкретни резултати од Самитот во Софија

Според изворите на ДПА, од самитот не се очекуваат никакви конкретни резултати. Речиси е исклучено дека државите од Западниот Балкан од шефовите на држави и влади на ЕУ би можеле да добијат конкретно ветување за влез во ЕУ. Европската Комисија во својата неодамна објавена Стратегија ја наведе 2025 година како можен датум за прием на земји од Западниот Балкан, но веднаш се соочи со остри критики. Критичарите сметаат дека овие земји се многу далеку од исполнување на критериумите за влез во ЕУ.

 

DW.COM