Најмалку 18 загинати во ракетен напад во Одеса | Европа | DW | 01.07.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Најмалку 18 загинати во ракетен напад во Одеса

Во руски напад во близина на Одеса загинаа најмалку 18 луѓе, а десетици се повредени. Една од ракетите, како што се вели, погодила станбена зграда.

Ukraine-Krieg - Angriff auf Odessa

Зградата погодена во ракетниот напад, во кој загинаа најмалку 18 луѓе

Воениот гувернер на регионот Одеса, Максим Марченко, на Телеграм напиша дека во рускиот ракетен напад загинале најмалку 18 луѓе, а повредени се најмалку 39-мина.

Цел на нападот, кој се случил рано изутринава во општината Серхијивка, биле една повеќекатница и простор за рекреација, јавија украинските медиуми. Воената управа соопшти дека паднале три ракети, испукани од руски Ту-22 бомбардери над Црното Море. Меѓу загинатите, како што се вели, има и две деца. Серхијивка се наоѓа во регионот Одеса, на 50 километри јужно од пристанишниот град.

Русија во изминатите две недели го зголеми двојно бројот на ракетни напади и, според украински извори, притоа во повеќе од половината од нападите употребила непрецизни ракети од советско време. Такви ракети, како што се вели, биле употребени и во понеделинкот, при рускиот напад врз трговскиот центар во градот Кременчук, во кој загинаа најмалку 19 луѓе. Русија демантира дека нападнала трговски центар и тврди дека нападот бил насочен против магацин за оружје. Од почетокот на руската инвазија врз Украина се убиени илјадници цивили. Русија ги негира украинските обвинувања дека напаѓа цивилни цели.