1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напредок постои – за влез во НАТО треба да се завршат реформите

21 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bi9R

Претседателот на Воениот комитет на НАТО генерал Реј Хено во рамките на постетата на Скопје денеска ќе биде примен од македонскиот претседател Брнанко Црвенковски од кого ќе побара да се завршат реформите. Генералот ќе има средби и со амбасадорите на државите членки на НАТО, акредитирани во Македонија.

На вчерашните средби со владиниот врв и началникот на генералштабот Хејно нагласи дека Македонија добро напредува кон НАТО.

Посетата се оценува како позитивен сигнал за Македонија со оглед на тоа што Воениот комитет на НАТО ги посетува земјите кандидати непосредно пред нивното зачленување во Алијансата.