Над 100.000 Украинци станаа бегалци, десетици мртви во првиот ден од руската агресија | Свет | DW | 24.02.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Над 100.000 Украинци станаа бегалци, десетици мртви во првиот ден од руската агресија

Стотина илјади граѓани на Украина се во бегство по руската инвазија врз земјата, соопшти УНХЦР. Во првиот ден од руските напади загинале најмалку 137 цивили, а стотици се повредени.

УНХЦР се уште нема прецизни бројки за бројот на раселените Украинци по почетокот на руската агресија, но проценува дека најмалку 100.000 морале да ги напуштат своите домови и да побараат засолниште во друго место. Според портпаролот на УНХЦР во Украина се случува „значително раселување“ на населението, а дел од луѓето се обидуваат да ја напуштат земјата. 

Претседателката на Молдавија Маја Санду соопшти дека повеќе од 4.000 луѓе во четвртокот ја преминале границата од Украина. Нејзината влада подготвила два бегалски кампови.
„Нашите граници се отворени за луѓето од Украина на кои им е потребно безбедно засолниште или сакаат да поминат“, рече Санду. 

Ukraine | Menschen in Kiew suchen Schutz in Metro-Stationen

Граѓани на Киев засолнети во подземна станица на метрото

На украинско-унгарската граница колоната возила со луѓе кои бегаат од конфликт е долга неколку километри. Унгарските власти очекуваат дека бројот на бегалци во нивната земја би можел да достигне и до 500.000 луѓе. 

Во Романија во четвртокот пристигнале над 5.000 бегалци од Украина, двојно повеќе од средата кога егзодусот на Украинците веќе беше започнал. 

Забранет излез за мажи од Украина 

Поради прогласената воена состојба, на сите мажи на возраст од 18 до 60 години им е забрането да ја напуштаат земјата, соопштија украинските власти. На тие луѓе не им е дозволено да ја преминуваат државната граница. 

Ukraine Autos fahren quer über die Felder, um die Stadt Kharkiv zu verlassen

Луѓе бегаат од Харков преку полиња

Во првиот ден од руската агресија загинале најмалку 137 цивили, а стотици се повредени, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Министерот за здравство Виктор Лиашко изјави дека во болниците се прави прераспределба за да се ослободи место за жртвите од агресијата.

 

DW.COM

Поврзана содржина