Могерини повторно го повика Косово да ги укине царините кон Србија | Информации и анализи за Балкан | DW | 08.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Балкан

Могерини повторно го повика Косово да ги укине царините кон Србија

Високата претставничка на ЕУ е сретна со членови на делегацијата која на 15 декември минатата година собранието на Косово ја избра за дијалогот помеѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска во разговор со членовите на собраниската делегација на Косово за дијалогот со Белград повтори дека е потребно што е можно поитно укинување на царините кои Косово ги воведе на стоката од Србија и од БиХ, соопшти службата за надворешна политика и безбедност на ЕУ (ЕЕАС).

Могерини денеска во Брисел се сретна со членови на делегацијата која на 15 декември минатата година собранието на Косово ја избра за дијалогот помеѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите.

Повеќе:

-Косово на курс на конфронтација

-Тачи со ветување до САД за царините кон Србија

Веќе видена „клучна“ година за Косово

Поздравувајќи го именувањето на оваа делегација, Високата претставничка оцени дека доаѓањето на нејзините членови во Брисел го демонстрира значењето кое косовоските власти му го придаваат на процесот за нормализирање, кој е предуслов за европскиот пат на Косово, како и потребата да соработуваат во дијалогот меѓу Приштина и Белград, кој се одвива со посредство на ЕУ, се наведува во соопштението.

Во разговорот со членовите на делегацијата Могерини ја повтори важноста за укинување на царинските такси кои владата на Косово ги воведе на крајот на минатата година на производите од Србија и од БиХ.

„Постигнување на сеопфатен, правно обврзувачки договор за целосно нормализирање на односите во светло на дијалогот Белград Приштина изискува атмосфера која придонесува за добрососедски односи со почитување на поранешните договори и избегнување на постапки и изјави кои се неспоиви со вкупните интереси и стратешки цели во регионот“, се наведува во соопштението.

 

DW.COM

Реклама