Мицкоски прогласи голема победа на изборите, СДСМ чека втор круг | Северна Македонија | DW | 17.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Мицкоски прогласи голема победа на изборите, СДСМ чека втор круг

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделата прогласи победа на неговата партија во првиот круг на локалните избори. Од СДСМ порачуваат дека не е се готово.

ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. фото:архива

Во очекување на официјалните резултати од локалните избори од Државната изборна комисија, партиите ја минаа ноќта во различно расположение: славјето во ВМРО-ДПМНЕ започна уште околу 21 часот, а во СДСМ беше мирно и молчаливо. Во албанскиот политички блок, ДУИ прогласи победа или предност во сите општини, но причини за славје имаше и Алијансата на Албанците која го освои Гостивар и води во Дебар, а неизвесно во вториот круг ќе биде во Тетово каде се пласираа кандидатите на ДУИ и Беса.
Најголемото изненадување го приреди се уште актуелниот градоначалник и независен кандидат Максим Димитриевски, кој во Куманово ја порази својата довчерашна партија и оди како фаворит во вториот круг. 

Максим Димитриевски

Димитриевски ги изненади своите довчерашни сопартијци во Куманово

Славје во ВМРО-ДПМНЕ  

Највесело беше пред и во штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде се славеше голема победа во, како што беше речено, победа во 22 општини во првиот круг и водство во уште 20 општини пред вториот круг. Дополнително, Мицкоски рече дека очекува водство од над 50 илјади гласови на советничките листи. 

„Огромна победа на народот на Македонија. И покрај сите нерегуларности, криминални дејанија, притисоци и поткупи. Вечерва е родена надежта. Народот ја зема во свои раце надежта за новата иднина“, порача Мицкоски пред полноќ од партискиот штаб. 

„Трешти гласот на промените. Но ова не е финалната победа, туку првиот голем чекор кон неа“, додаде тој. Коментирајќи го прашањето дали ќе побара вонредни парламентарни избори, Мицкоски рече дека тоа е една можност, а втората е формирање ново парламентарно мнозинство. 

Nord-Mazedonien Skopje | Kommunalwahlen

Гласањето на локалните избори помина мирно и без инциденти

Тивко во СДСМ  

Претходно од СДСМ ја обвинија опозициската партија дека „креира лажна еуфорија“. Генералниот секретар на владејачката партија Љупчо Николовски тврдеше дека неговата партија води во најмалку 25 општини, а наброја и седум општини каде е однесена победа во првиот круг. 

„Ова не е арена за навивање, туку натпревар за подобар живот на граѓаните. Локалните избори секогаш имаат и втор круг, затоа Кочи Мицко!“, порача Николовски. Тој очекува СДСМ по вториот круг да освои повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ затоа што има поголем коалициски потенцијал. 

Изборите минаа мирно со проблеми на повеќе гласачки места поради гласањето со отисок од прст. Државната изборна комисија и пет часа по завршувањето на гласањето не ја објави излезноста. Последниот податок беше од 18:30 часот кога вкупната излезност била 49 проценти. 

 

DW.COM