Мини Шенген стана Отворен Балкан | Северна Македонија | DW | 29.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Мини Шенген стана Отворен Балкан

Границите меѓу С. Македонија, Србија и Албанија од 1 јануари 2023 практично „паѓаат“. Се најавува слободен проток на граѓаните и укинување на царините.

Регионалната иницијатива меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, која неофицијално беше нарекувана Мини Шенген доби ново име - Отворен Балкан. Таа ќе овозможи регионално поврзување за соработка и слободен проток на патници и услуги меѓу три земји. Целта на Отворен Балкан е да се анулира чекањето на границите и да нема царини. „Ова е фантастична визија и движење на иднината“, оценија македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ на Економскиот форум во Скопје. Тие ги повикаа и другите земји од регионот да се приклучат на иницијативата. 

Нови мостови

„Наместо ѕидови, денеска изградивме нови мостови. Отворен Балкан оди напред. Соработката ќе ја прошириме на полиња битни за нашите граѓани, за нашите општества“, изјави Заев. 

-повеќе на темата: Не го чекаат „Годо“: Заев, Рама и Вучиќ во регионална офанзива!

Со цел да се олесни трговијата, движењето на граѓаните и развојот на економијата на форумот беа потпишани три меморандум - за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки на Западен Балкан, за слободен пристап на пазарот на трудот на Западен Балкан и Договор за соработка за заштита од катастрофи на Западен Балкан. 
Премиерот Зоран Заев вели дека лидерите на трите земји се максимално посветени за ефикасна регионална соработка.

Nord-Mazedonien | Wirtschaftsforum in Skopje

„Ова е фантастична визија и движење на иднината“, оценија македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ на Економскиот форум во Скопје.

„Ова е силна политичка волја. Се поврзуваме за развој на нашите економии, за изградба на заедничка економија, за подобар живот на секој наш граѓанин. Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера нашите народи час поскоро да осетат директни, економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме. Очекуваме многу скоро бенефитите да се осетат во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани“, нагласи премиерот Заев.

Без царини и граници

Според иницијатива, се очекува до 2023 година да се овозможи целосно ослободен прекуграничен проток на граѓаните од трите земји. „Целта е да нема царини, да нема граници за застанување. Слободно како што се работи во С. Македонија, да може нашите граѓани да работат и во Белград и Нови Сад, во Тирана и Саранда“, вели Заев.

Повеќе:

-Има ли Западен Балкан потреба од „Мини Шенген“?

Визијата на албанскиот премиер Еди Рама е дека до 2023 година овој простор ќе наликува на зона на Европската Унија. Нула минути ќе чекаат граѓаните на границите, исто толку и камионите со стоки. „Кој сака нека дојде, добредојдени се сите“, порача Рама. 
Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека со „Отворен Балкан“ 80 отсто од вкупните инвестиции на Балканот ќе бидат во овие три земји. Преку економската соработка, според него, ќе се решаваат и политичките прашања.

„Ќе бидеме партнер и на Северна Македонија и на Албанија за регионалната стабилност и за подобрување на животите на сите граѓани. Ова е фантастична визија, и мораме до името на нашите граѓани да ги испорачаме резултатите“, вели Вучиќ.
Тројцата се согласни дека само со интегриран и поврзан регион може да се движат три земји кон основната цел – членство во ЕУ. „Бидејќи ние не можеме да бидеме ништо друго освен земји од европскиот Балкан“, рече Заев. Средбите на иницијативата „Отворен Балкан“ наесен ќе се одржат во Тирана и во Белград.