1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конференција Украина Лугано
Конференција за Украина во ЛуганоФотографија: Michael Buholzer/KEYSTONE/picture alliance/dpa

Како треба да изгледа Украина по војната

Јаспер Штајнлајн | АРД
4 јули 2022

На конференција во Швајцарија која почнува денеска, украински експерти ќе ги претстават плановите за тоа како ќе изгледа обновата на земјата по војната. Од најавениот „Маршалов план“ не се очекува многу.

https://www.dw.com/mk/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%88%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%B2-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/a-62351278

Дводневната конференција во Лугано беше закажана уште пред руската агресија и тоа како годишна „реформска конференција“ за Украина. Но сега се наметнуваат многу поитни прашања: Како може измачената и на многу места целосно разрушена земја повторно да застане на нозе откако ќе дојде мир? И кој ќе ѝ помогне во тоа? Своите идеи за овие прашања на дводневната конференција која започнува денеска во Швајцарија, претставниците на украинскиот „Национален совет за обнова“ ќе ги споделат со претставници на ОБСЕ, Европската банка за обнова и развој, Обединетите нации како и со 40 влади и економски институции. Иако земјата сè уште се бори за својата егзистенција.

„Немаме претстава кога ќе заврши војната, како ќе заврши и како ќе изгледа земјата тогаш,“ вели економскиот експерт Андриан Прокип од киевскиот тинк-тенк „Украински институт за иднината.“ Сепак тие уште од април работат на планови за обнова на земјата – во тоа време и украинскиот претседател Володимир Зеленски на оваа тема прв пат зборуваше со министрите и експерти од големи консултантски компании за првичните нацрт-планови, а лондонскиот Центар за истражување на економски политики во исто време објави есеј на темата. Клучните точки се: Украина треба целно да работи кон  интеграција во ЕУ  и да преземе поголема лична одговорност. Тоа треба да создаде поттик за прилив на капитал и технологии од странство, а земјата да ја постави климатската неутралност како темел на новата инфраструктура. Независна тело, но сепак блиско до  ЕУ треба да ја следи и контролира имплементацијата на мерките, по примерот на „Администрацијата за економска соработка“ која ја следеше имплементацијата на историскиот „Маршалов план" по Втората светска војна.

„Маршаловиот план“ не е магичен збор во Киев

 Како што пишува во украинското издание на „Форбс“, во Киев не се воодушевени од идејата за воспоставување на вакво контролно тело – украинската влада порадо би сакала да ги држи уздите во свои раце. Исто така и ветувањата за „Маршалов план“ не предизвикаа ентузијазам во земјата. „Мислам дека никој не би сакал да примени ‘Маршалов план' од 70-те години во Украина,“ вели Хлиб Вишлински, раководител на тинк-тенкот „Центар за економски стратегии“. Условите во повоена Украина ќе бидат многу поразлични од оние во Западна Европа по Втората светска војна – што патем речено поинаку се оценува во лондонскиот есеј.

Ukraine Slovjansk Krieg Russland
Како да се помогне на земјата опустошена од руските нападиФотографија: Francisco Seco/AP/picture alliance

„Терминот ‘Маршалов план’ кој во Германија буди позитивни асоцијации на економско чудо, во Украина не е никаков магичен збор туку синоним за програма за повоена обнова”, смета експертот Прокип.

Според плановите на Киев, делегацијата предводена од премиерот Денис Шмихал и Андриј Јермак, кој го предводи „Националниот совет за обнова“ треба да го претстави својот план во Лугано. Според украинското издание на „Форбс“ документот треба да биде сеопфатен и да содржи од аспирациите за ЕУ- интеграција до меѓубиланс за штетите од војната, како и идеи за инвестициски програми и конкретни нацрт-закони за реформи кои мора да се спроведат.

Ветените пари доаѓаат бавно

На основните прашања нема одговор ниту од страна на меѓународните партнери: Која специфична улога треба да имаат земјите донатори во процесот на обнова? Дали процесот ќе се контролира од Киев или од Брисел? И од каде ќе ги обезбедат средствата земјите кои ветија помош? Експертот Вишлински нема илузии дека ќе им биде тешко на владите на Г7 и земјите на ЕУ да му објаснат на своето население по кризата со коронавирусот и  рецесијата зошто во следните години и децении огромни државни средства треба да се слеваат во Украина.

Затоа тој не очекува дека подготовките ќе започнат брзо: „На некој начин, очекувањата беа поголеми во април отколку сега. Затоа што сега гледаме дека многу гаранции бавно се претвораат во вистински пари...“

Како процесите може да бидат направени транспарентни за сите и како да се превенира корупција во украинската економија и политика пронижена со олигарси се „прашања од споредна итност”. Тоа е мислење кое идните донатори воопшто не го делат. Во Специјалниот извештај на Европскиот суд за ревизија објавен во 2021 година заклучокот е дека висока корупција, односно злоупотреба на положбата на високо ниво, при која неколку лица на сметка на општата јавност се стекнуваат со корист е и натаму „централен проблем во Украина” и против кој и покрај поддршката од ЕУ, не се преземаат многу мерки. Притоа Украина има големи очекувања од кандидатскиот статус: Вишлински смета дека е „многу рационален пат” да се поврзат посилно обновата на земјата и ЕУ- интеграцијата, такашто обновената Украина ќе може без приблем да се приклучи на внатрешниот пазар. За тоа би можеле да бидат искористени руски средства конфискувани со санкциите, а за тоа се залагаат и лондонските експерти од кои двајца сега се членови на Националниот совет за обнова на земјата.

Како изгледа современа економија?

Експертот за енергетика Прокип вели: потребна е визија како треба да изгледа земјата. Дали се работи за тоа да се поправи инфраструктурата уништена и ограбена од Русија, или за тоа да се создаде нова современа  економија? 

„Досегашната украинска економија е неефикасна, троши многу енергија и во многу индустриски гранки модел наследен од советско време насочен кон извоз на суровини", вели тој. Меѓу постарите лица кои останаа во земјата и кои сега сочинуваат уште поголем дел од населението, има патернистички менталитет. Државата според нив треба да се погрижи за фабрики и работни места, а истовремено се нема доверба во државните институции и им се верува на популистите кои за свое лично богатење се инсценираат како народни херои. Таквите Украинци сигурно нема да бидат отворени за преориентирање кон ИТ или креативните бранши или за доселени работници на пример од Африка или Азија.

Работници од странство како т.н.„гастарбајтери” на  Германија по Втората светска војна ѝ помогнаа „економското чудо” да го претворат во трајна благосостојба. Дали Украина ќе може да се снајде без нив е прашање: повеќе од 10% од населението се избегани, со продолжувањето на војната многумина од нив ќе може во странство да почнат нов живот и потоа да останат таму, претпоставуваат економски експерти. Прокип нагласува дека „не сите кои може да бидат успешни во странство навистина и си заминуваат”. Но, Вешлински отвора дилема декаа „може да се најдеме во ситуација во која по војната во Украина ќе се слеваат пари, но ќе нема кој да ги употреби”.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на владата на Република Северна Македонија

Инаетот како главен енергенс

Mazedonien DW-Korrespondentin aus Skopje, Katerina Blazevska
Катерина Блажевска
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница